Join the forum, it's quick and easy


Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» Побарување на МП3-ќи
Македонија е премала за рокенрол EmptyНед Jул 04, 2010 2:06 pm by Ike

» Стари статии
Македонија е премала за рокенрол EmptyСре Aвг 05, 2009 1:37 am by Angela

» Македонија е премала за рокенрол
Македонија е премала за рокенрол EmptyНед Aвг 02, 2009 4:10 pm by macaparket

» Уште живееме кај мама и тато
Македонија е премала за рокенрол EmptyНед Aвг 02, 2009 4:08 pm by macaparket

» Здраво и од мене :)
Македонија е премала за рокенрол EmptyНед Aвг 02, 2009 3:59 pm by Angela

» ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ!
Македонија е премала за рокенрол EmptyНед Aвг 02, 2009 3:58 pm by macaparket

» Пофалби,Критики,Предлози
Македонија е премала за рокенрол EmptyСаб Aвг 01, 2009 11:16 pm by Шанел

» “Паркети“ во Хераклеja
Македонија е премала за рокенрол EmptyСаб Aвг 01, 2009 2:49 pm by macaparket

» Што слушате во моментов?
Македонија е премала за рокенрол EmptyВто Jул 21, 2009 12:34 pm by Angela

Линкови
Македонија е премала за рокенрол 72dna9
Македонија е премала за рокенрол

Нед Aвг 02, 2009 4:10 pm by macaparket

Ние сме возрасни деца, кои сонуваат дека ќе одат на Месечината, и сé додека сме живи ќе бидеме такви. Изгледа како да си се зезаме и дека секогаш сме несериозни, а во суштина криеме сериозна порака. Приватно сме само малку посрамежливи отколку на сцената, инаку сé друго е исто. Освен што некогаш наутро не сме толку убави како на телевизија

[img:e5dd]http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/parketi[1].jpg[/img:e5dd]

По речиси осумнаесет години егзистирање во „подземјето“ на македонската музичка сцена, битолскиот состав „Паркети“ од пред една година тргна во освојување на пошироката публика, најпрво со настапот на минатогодишниот „Евросонг“, па со дуетот со Елена Ристеска и конечно деновиве објавувајќи го новиот албум „Мамо, не му кажвај на тато“. На цедето се најдоа четири веќе познати песни, меѓу кои и евровизиската „Strawberry“ и дуетот со Елена „Сакам да те галам“. Три од песните се снимени на англиски јазик. Групата ја сочинуваат Сашо Паркет, Зоки Паркет, Марија Паркет, Симс Паркет, Славе Паркет и Пеце Паркет, а дел од нив се и автори на материјалот, снимен во четири различни студија во продукција на Оливер Димитров, Мите Димоски, Валентино Скендеровски и на Сашо Паркет, водачот на групата, кој вели дека, и покрај комерцијализацијата, „Паркети“ не го напуштиле сосема својот оригинален музички стил.


Во последнава година групата „Паркети“ си ја прошири публиката и доби на популарност, но дали со комерцијализацијата загуби од идентитетот?

- Ова прашање во последно време често ми го поставуваат... и вистински одговор нема баш. Како да ме прашуваат дали сакаш да си таксист, кој од хоби е музичар, но да им останеш верен на своите принципи. Најтешко е што сите комерцијални поп-имиња имаат јаки менаџери и спонзори, а ние сé уште не. Тие со едно цеде и микрофон патуваат по дискотеките и наплатуваат петпати повеќе од нас, а ние сме шест члена и носиме цела сценска опрема и плус изнајмуваме комби. Можеби да бевме во Америка не ќе мораше да одиме на „Евровизија“ за да бидеме успешни. Сепак ќе кажам дека, иако нашата музика не е како некогаш, не е продукт со кој треба само да се заработи, туку е искрена и од срце.


Како и претходно, така и на новиот албум сарказмот и пародијата се задолжително присутни во вашите песни. Како настануваат вакви откачени стихови?

- Најјаката страна на „Паркети“ се токму текстовите. Во целата наша кариера секогаш биле добри и ќе бидат. Тоа е нешто со што човек е роден. Веројатно во минатите животи сме правеле добри дела, па сега затоа имаме талент. Не знам како се случува, но тоа е нешто со што сме горди. Мора да го кажеш она што го чувствуваш на наједноставен и најинтересен начин и луѓето да го примат.


Трите песни на англиски јазик се чини дека се разликуваат од остатокот од албумот. Дали се тие начин да го задржите она некомерцијалното во вашата музика?

- Пред да се појави „Strawberry“, уште во 2007 година ја снимивме „This Rain Will Go“. До ден-денес ниедно радио, освен во Битола, чии сопственици и вработени ни се другари, не ја емитувало, а песната е прекрасна. Англиските песни беа стилот кон кој тргнавме, но тој едноставно не може засега да помине во Македонија... Се надевам, ако излеземе од овие простори, каде што царува „забавната“ музика, ќе може и да имаме успех со стилот што ни лежи. Таков стил не се пушта на радиостаниците низ Македонија, со исклучок на некои радија во Скопје кои, за жал, се локални.


Во вашиот стил е препознатливо влијанието на „Рамоунс“, но на моменти останува простор за двоумење - дали оваа група е лајтмотив во вашето творење или предмет на пародија.

- Па, пародија сигурно не е. Но не е само „Рамоунс“ наш лајтмотив туку целата рокенрол-сцена. Под рокенрол мислам на мелодичниот рокенрол. Наш уметнички недостаток е што сме љубители на убавата мелодија и се трудиме да правиме мелодични песни.


И покрај сé, комплетната појава и имиџот на „Паркети“ оставаат крајно оригинален и уникатен впечаток. Сето тоа е добро смислен проект или она што го гледаме на сцената и пред камерите се „Паркети“ навистина, без глумење?

- Иако има луѓе што не мислат дека сме оригинални, сепак, и покрај сите наши недостатоци, сметам дека сме и дека внесовме освежување на македонската сцена. Ние сме возрасни деца. Изгледа како да си се зезаме и дека секогаш сме несериозни, а во суштина криеме сериозна порака, фантазери што секогаш веруваат дека ќе успеат во она што го прават, колку и да им е тешко. Приватно сме само малку посрамежливи отколку на сцената, инаку сé друго е исто. Тоа сме што го гледате. Освен што некогаш наутро не сме толку убави како на телевизија. Но тоа е генерално проблем со сите ѕвезди.


Бендот е формиран на истиот ден кога Македонија прогласи независност, што значи годинава ќе станете „полнолетни“. Како ја поминавте вие вашата транзиција и што научивте за изминативе речиси 18 години?

- Па научивме многу, а и малку. Кога имаш 18 години мислиш дека сé си знаеш и дека си возрасен. Но по некое време сфаќаш колку си бил дете. Има за учење уште многу... Не знам дали со „Паркети“ ќе опстанеме уште долго - дај боже да биде така. Но, ако и по десет години публиката сé уште ужива на нашите концерти, тогаш сме ја сфатиле финтата. Оти тајната на универзумот е дека за уживање се потребни најмалку двајца, а кога правиш многу луѓе околу тебе да се среќни, тогаш радоста е голема. Најголема сила ми дава фактот што постојат многу луѓе што ги усреќуваме со нашите песни. Тоа е навистина најважно за да имаш инспирација да продолжиш.


Во една пригода изјавивте дека ја гледате Ем-ти-ви Адрија како шанса за интернационален пробив. Подготвуваат ли „Паркети“ офанзива за освојување на Балканот и на Европа?

- Ние сме деца што сонуваат дека ќе одат на Месечината и сé додека сме живи ќе бидеме такви. Барем за мене знам дека е така и, иако не сум некој пејач со големи можности, песните што ми лежат добро ги пеам. Интересни сме и за тие што не нé слушаат многу. Ако ни се укаже можност да се претставиме во странство, сигурно ќе успееме. Всушност, тоа е нашата цел. Жално ќе изјавам дека, ако не излеземе надвор од Балканот, „Паркети“ набргу ќе престане да свири, барем не често. Можеби само на некои поголеми настани, а не по кафулиња... Оти навистина Македонија е премала да егзистираш како рокенролаш. Но да видиме што ќе донесе времето.


За крај, го најдовте ли Пеце Паркет?

- Па не го најдовме ние Пеце. Тој нé најде нас. Се криел во шума со завет за молчење и кога се просветлил сфатил дека треба да стане Паркет. Поздрав до сите читатели на овој весник, специјално ако играат тенис, па кога ќе дојдат дома си читаат „Нова Македонија“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=617910491769&id=47&setIzdanie=21714

Comments: 0

Statistics
Постојат b>56 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е AceStr

Нашите членови се испратиле точно 343 мислења in 98 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 2 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 2 Гости

Никој

[ View the whole list ]


Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 18 во Чет Јун 09, 2022 6:17 pm