Join the forum, it's quick and easy


Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» Побарување на МП3-ќи
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyНед Jул 04, 2010 2:06 pm by Ike

» Стари статии
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyСре Aвг 05, 2009 1:37 am by Angela

» Македонија е премала за рокенрол
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyНед Aвг 02, 2009 4:10 pm by macaparket

» Уште живееме кај мама и тато
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyНед Aвг 02, 2009 4:08 pm by macaparket

» Здраво и од мене :)
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyНед Aвг 02, 2009 3:59 pm by Angela

» ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ!
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyНед Aвг 02, 2009 3:58 pm by macaparket

» Пофалби,Критики,Предлози
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyСаб Aвг 01, 2009 11:16 pm by Шанел

» “Паркети“ во Хераклеja
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyСаб Aвг 01, 2009 2:49 pm by macaparket

» Што слушате во моментов?
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! EmptyВто Jул 21, 2009 12:34 pm by Angela

Линкови
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! 72dna9
ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ!

Нед Aвг 02, 2009 3:57 pm by macaparket

Девеесетите... На ТВ екраните - војните во кои што финишира распадот на Југославија. Македонија го започнува патот на независна држава, на битолското корзо се седи само од на нога оти нема кафичи, туку гранапи, продавници за бела техника и по некоја слаткарница. На Радио Битола ДЕМО ТОП 10, многу млади изведувачи сакаат да си ја испробаат среќата за влез во светот на бесмртните, светот на славните, светот на полубоговите на нашето време, од нас обичните смртници викани ѕвезди. Тогаш, една од песните која што според бројот на гласовите ќе остане на прво место на ДЕМО ТОП 10 подолг период е „Клара “ од бендот Паркети. Од таа далечна 1991 година Паркети продолжија да работат во различни состави, со тоа што во бендот речиси цело време остана тројката која што го формираше бендот во школските клупи во „Стив Наумов“: Славе Паркет, Симс Паркет и пејачот Сашо Паркет. Покрај нив денес членови на составот се и Марија Паркет и Пеце Паркет – кларинет. Во 2007 година на Евровизија ја изведоа песната „Strawberry“, хит кој ќе ги катапултира Паркети во македонската музичка сцена. Настапот на Евровизија дел од фановите и од критиката ќе им го пишат за грев и влегување во музичкиот мејнстрим. Можеби изгубивме некои фанови, но многу повеќе добивме нови, вели Сашо Паркет. Признава дека Паркети се дудуци за бркање на спонзори, но и дека немаат намера да ги молат. Во интервјуото за ЕГО зборува за нивниот нов албум „Мамо не му кажвај на тато“, за амбициите на бендот да настапува надвор од нашата земја, за рокенролот...

ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! 498575DB716A8946AD0AF089F267D8A7

Ќе ни го претставиш ли вашиот нов албум?

Албумот има дванаесет и пол песни, затоа што не сакавме да има тринаесет, да не биди малер. Ова е нашиот прв албум кој што има солидна дистрибуција низ целата земја и се продава на сите продажни места на ВРЕМЕ и Хедис-маркетите. Мислам дека на слушателите им нудиме еден навистина убав албум. Тука се и нашите хитови „Strawberry“, „Сакам да те галам“ и песната за деца испеана со Ања Ветерова „Је, је, је, јас те сакам тебе“. ЦД-то ја носи и половинка од песната со која што настапивме на Мак-фест „Ноќ од илјада дена“. Има и три песни на англиски, една од нив е „ This rain will go away“ инаку снимена пред две години.



Постои ли некоја разлика, стилска или можеби музичка помеѓу она што Паркети досега го работеле и „Мамо не му кажвај на тато“?

Па ние пред две - три години почнавме да правиме песни од типот на „This rain will go away“. Тој правец навистина ни одговараше. За оваа песна снимивме и спот. Песната за жал речиси воопшто не се вртеше по радија и телевизии, иако мислам дека оваа песна е навистина добра, можеби една од најдобрите песни што сме ги свиреле. За среќа, на македонскиот избор за песна на Евровизија настапивме со „Strawberry“. Видовме дека луѓето бараат малку покомерцијални песни, па така може песната да ти се заврти по радија и телевизии. А потоа можеш да пласираш и нешто друго, нешто што не е толку комерцијално. Но не мислам дека сите песни на нашиот нов албум се комерцијални, тука има песни кои што се во стилот на Паркети во вистинска смисла на зборот. Резимирано, албумот не е брз и аграсивен, но далеку од тоа дека е чисто комерцијален албум.



За прв пат испеавте и песна за деца...

Тоа ти е судбина. „Је, је, је, јас те сакам тебе“ ја напишав за ќерката на еден мој пријател. Со таа песна требаше да настапи на детската Евровизија. Меѓутоа работите нешто се искомплицираа, дали чупето се олади или едноставно не и се одеше, не знам. Кога ни се јавија родителите на Ања и Оливер Димитров, се решивме да им ја понудиме оваа песна и не мислам дека згрешивме. Луѓето се сами си финасираа, а тоа е предност. Песната е убава, ја сакаат и стари и млади. Јас лично не би ја оценил како типично детска песна.



Еднаш на страниците на ЕГО на читателите им откри која е „Strawberry“. А која е „Eva Mendes “?

Таа песна ја напишав јас, заедно со уште двајца членови на групата Симс Паркет и Славе Паркет. Симсот ја имаше првобитната идеја за музиката и почетокот на текстот. Славе е автор на рефренот Ева Мендез, а јас го напишав остатокот од текстот. Таа не е за една личност, тука за некои чупиња кои што се како Ева Мендез кои што инаку ги има со лопати да ги риниш! Да не се разбереме погрешно, не дека не ги сакам таквите чупиња, тие ми се најубави. Слушнете ја песната и ќе разберете на кого се однесува.



За спотот за оваа песна рековте дека е направен за инает на сите кои што мислат дека сте буљаши и ќе биде забранет за оние под шеснаесет години...

Спотот е снимен и материјалот веќе го монтираат во Тринити-продукција. Тука има една кукла на надување од „Валијант “, ама облечена си е, не е гола. Ќе видиме како ќе испадне во монтажата, но ќе има сцени кои што не се за денски да ги пуштиш на телевизија. Спотот ќе биде в крај панкерски. Инаку сниман е во објектот на некогашното кафуле Алхамбра во Битола. Центарот за култура беше љубезен да ни позајми костими со кои што настапивме во спотот, Славе е облечен како турски војник, Зоки Паркет во бела униформа на адмирал, нешто слично носи Симс Паркет. Интересен спот и матна песна. Публиката ќе го види во август.



Вашата амбиција е да настапувате надвор од Македонија.

Досега сме настапувале само во Албанија. Летово повторно ќе настапиме во Тирана.



Дали за вас е предизвик да настапите на новосадскиот EXIT?

Можам да кажам дека отсекогаш сме сакале да се претставиме на тој фестивал.Е ама постои круг на менаџери во Македонија задолжени за EXIT кои што од чист инает не сакаат Паркети да настапат на фестивалот. Паркети немаат намера никога да молат! Ќе биде и тоа. Можеби на EXIT ќе одиме како голема музичка атракција.



Речиси целото снимање на албумот си го финансиравте сами. Тешко ли е за еден бенд кој што живее надвор од Скопје да допре до поголеми спонзори кои што би помогнале во снимањето на албумот?

Кога се подготвувавме за Мак-фест отидовме кај градоначалникот на општина Битола Владимир Талески. Тогаш тој, покрај подршката за Мак-фест, се понуди да ни помогне и во финансирањето на албумот.Така од општина Битола добивме 1.500 евра. Тоа е супер! Останатите 4.500 евра потребни за снимање на албумот ги дадовме ние. Ние за бркање спонзори сме дудуци, а таа работа обично ја бркаат менаџерите. Затоа би било убаво нашите фанови и оние кои што тоа не се да си го купат албумот.

Ако добро паметам досега сте немале свој менаџер?

Моментално работиме со FRESH UNION од Битола. Немаме соработка во смисла на формално потпишан договор, но ете, тие ни наоѓаат некои свирки. Ќе видиме како понатаму ќе се одвива соработката со оваа агенција. А, оти досега сме немале менаџер? Абе катиљ луѓе сме сите во групата. Терсене сме в крај! Шегата настрана, но признавам дека си имаме чуден табиет и за некој да ни биде менаџер, па тој едноставно треба да биде ист како нас. Но од друга страна мислам дека досега никој од менаџерскиот еснаф не разбрал дека Паркети бараат многу малку да се вложи во нив и да им се овозможи да настапат надвор. Оној кој што ќе го направи тоа ќе заработи многу пари. А ќе заработи за тоа што ние без дилема сме интересен бенд. Пред некое време свиревме во Куманово и пет чупиња на возраст од пет-шеснаесет години од Србија кои што прв пат ги видоа Паркети, не отепаа од бацвање.

Што е она што се поставува како пречка пред македонските бендови за да ги запознае публиката надвор од нивната земја? Можеби јазикот на стиховите...

Најбитен е квалитетот. Сите кои што биле квалитетни излегле надвор од Македонија, Леб и сол, Мизар, Тоше Проевски. Се разбира потребен е и добар менаџер, каква што на пример беше менаџерката на Тоше Проевски.

Единстевен бенд кој што беше навистина многу добар, а не успеа да излезе надвор од границите на нашата земја е Архангел. Тие беа многу квалитетен бенд, секоја чест за Ристо Вртев, но мислам дека тој не се ангажираше доволно во тоа нивната музика да ги надмине границите на Македонија. Тоа тие можеа да го направат во `90-те кога го достигнаа врвот на славата.

Дали добар спот би помогнал? Прикажување на MTV Adria?

Дефинитивно! Иако луѓето сосем погрешно мислат дека ете ќе се појавиш на MTV Adria и готово веќе си славен. Оваа куќа го прикажуваше нашиот спот за „ Сакам да те галам“. Мора да се има дарбина. Ама потребно е среќа, к’смет, карма како сакаш речи го... Ние веруваме дека ќе станеме славни низ цел свет.

Comments: 1

Statistics
Постојат b>56 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е AceStr

Нашите членови се испратиле точно 343 мислења in 98 subjects
Кој е он-лајн?
Севкупно има 5 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 5 Гости

Никој

[ View the whole list ]


Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 18 во Чет Јун 09, 2022 6:17 pm