You are not connected. Please login or register

Уште живееме кај мама и тато

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Уште живееме кај мама и тато on Нед Aвг 02, 2009 4:06 pm

macaparket

avatar
Admin


И покрај тоа што ја поминаа првата десетка панк-рок бендот „Паркети“ се' уште важи за нова и контроверзна појава на нашите простори. На сцената се однесуваат релаксирано, како да се родени со микрофони и инструменти. Надвор од неа - да не правиме муабет.

Деновиве „Паркети“ имаат причина да прославуваат, не дека се хедонисти, туку дека можат да се пофалат – не само со чупињата кои ги милуваат, туку и со албум. „Мамо не му кажувај на тато“ има реални поткрепи и во нивните реални животи – се' уште живеат со родителите и се' уште слушаат монолози од типот - пораснете, женете се, вработете се... Интервјуто го правевме со најзборливиот, Сашо Паркет, што прекарот го крие како змија нозе. И, што не замоли неговите одговори да не ги „правиме по свое“, туку да ги оставиме такви какви што се. Во име на убавината што дефинитивно ќе го смени светот.

Нов албум, промоција, значи и дополнителни активности - интервјуа, концерти... Што ви е најтешко, а што најлесно во новите обврски што ви станаа навика? Мераци?

- Најтешко ни е да бериме грав ко ќе узреее... Треба низ пченката да се пикаш, а таа сечи многу. И многу е тешко, навистина. Многу ни е тешко и да си ги местиме креветите од сабајле ко ќе станиме. Па, така, мама ни ги мести. Иначе во врска со „Паркети“ се' е убо и интервјуа и концерти. Мерак ни е да сме „Паркети“, и колку да е тешко, уживаме во тоа, но не би можеле да стануваме во 5 за на работа во фабрика...

Што станува со гоооооолем концерт? Публика евидентно има. Ќе го има ли, каде, кога?

- Секој концерт на „Паркети“ е голем концерт. Но, жално е шо луѓето уште не го приметваат тоа. За едно 20 години ќе сфатат дека „Паркети“ не се комерцијални ко шо си мислат сеа некои луѓе... Во Скопје, во „Хавана“, на 3 јули од 22 часот, повелете: кој сака, без Присила Присли е.

Станавте ли ѕвезди, што велат чупињата во Битола, ви се смени ли некако животот?

- По Евровизија не можевме да спијаме неколку дена убаво. Осеќавме како станавме пославни, но во глобала животот ни е ист. Се' уште живееме со мама и тато и не' зезаат во маалото истите деца. И се' уште не знаеме баш многу да свириме на нашите стари гитари и појачала. Единствено што се смени е тоа што сите сакаат да се сликаат со нас... Од февруари 2008 година до сеа се имаме сликано 1.457.689.987.345 пати... Билион е тоа.

Вие сте ретка, ако не и единствена појава – музичка, која не го смени дијалектот, си останавте верни на корените, битолски. Тоа поради локалпатриотизмот или мислите дека скопјаништава „се креваат на високо“?

- Не, бе... Најубо ке е секој град да си прај песни на својо дијалект. Така е сто пати поинтересно него на литературен јазик... Не ни се бендисва нас да пејме на литературен... Како „Трачери“ шо пеат на кумановски, а скопските хип-хопери на скопски...итн. итн. Така македонскиот јазик нема да има 20 000 зборови туку 100 000 .

Што е со женската енергија? Освен женско засилување во групата имавте дует со Елена, а сега и со малата Ања. Новиот дует веројатно има приказна. Пукате на детска публика или...?

- Па, Марија-паркет е доказ дека убаво е да се има женска енергија во бендот...Со Елена беше спонтана, но навистина успешна соработка и колку да зборат дека не чини, песната беше и е камен песна... А со Ања е како втор дел на „Сакам да те галам“... На иницијатива на Ања и на Оливер Димитров, нашиот голем пријател, прифативме затоа што ни фалеше уште една така полесна песна, да речам за поширока публика... А Ања се вклопи во песната и има страшно добар вокал. Се' си е како шо требало да биди.

Што е со Каролина, вашата битолчанка, ќе работите ли со неа или ви е преголем залак?

- Со Каролина одамна се знаеме. Иако ретко кој знае таа ни пееше пратечки вокали во 1998 година на нашиот втор албум „Газирана хармонија“... Се дружевме порано многу, а и сега кога ќе се сретниме убаво ни е заедно. Така, сигурно, да сме здрави живи, некогаш ќе напраиме песниче заедно... Нешто рокенролско. Пошто „Керол”, како шо ја викаме, е рокенрол маче, ептен...

Што е фаворит на вашиот албум, што препорачувате... Која би била идеална реклама за албумот „Мамо не му кажувај на тато“...?

- Е, па, Симс кажува - не го бркајте гулабот на искреноста од вашето рамо, кој мавтајќи со крилата прави бранови во вашата коса... Како што овај албум ќе прави бранови во вашето срце. Ги молиме луѓето да го заслушаат добро. Во него се кријат многу, многу тајни.

Вашите свирки значат и егзибиционизам, свирите, се соблекувате, правите атмосфера. Се смени ли нешто по тоа прашање, уште ли сте непредвидливи?

- Постоиме од 1991 година, шо значи многу појќе од 10 години. И сега е време да излезиме од рамките на државата... Таму ќе бидеме непредвидливи за сите тие народи и народности кои не немаат гледано. А за нашиот народ...секогаш ќе сме „Паркети“... Самиот збор си кажува - истрајни во нашата мисија.

Колку може да се заработи со свирење? Како живеете и имате ли дополнителна професија? Со што се подновивте - автомобили, гардероба?

- Па, рачунај, ние сме шест члена, плус менаџер и патни трошоци... Нема баш премногу, но доволно за една добра плата. Поарно од тие храбри жени кои работат во конфекции за 7.000 денари, 6 дена неделно по 10 саати. Гардеробата се поднови, но возниот парк засега не е. Се надеваме ќе добиеме спонзорство од некоја авто кукја, едно комбе. А сигурно во иднина ќе си купиме приватен авион, ама од оние со вентилатор од напред. Двокрилец!

Кога сме кај гардеробата - кој ви ги смислува комбинациите, од каде ја набавувате, и што велат вашите најблиски тетки, баби, стрини? Ве сфаќаат ли сериозно или чекаат да пораснете?

- Сериозно не' сфаќаат моментално само децата до 12 години... Сите други мислат дека сме неозбилни..Од дома се' уште не' караат и не' тераат да пораснеме, да се жениме и да се вработиме во шекерната сезонски. За гардероба секој од нас се снаоѓа како знае... Понекогаш е тешко... Оти за добра гардероба во рокенрол стил нема избор кај нас, па ни шијат шнајдери и шнајдерки, за евтино во Битола.

Имавте ли досега проблеми со новинари или со сите сте добри?

- Па, ние не се караме со никој... Понекогаш во жолтиот печат претеруваат со некој работи за нас. Ама, тоа е тоа, не' нервира кога она шо го кажваме ќе го прераскажат со нивни зборој ... Се губи убајната...

Каде летово, ќе се ладите ли некаде?

- Ќе се ладиме со топла вода во Охрид и на море некое околу. Јас возејќи се со моторо, а Симсо ке седи на плажа по костим со чевли на шпиц... А има шанси да се оди и на некој од концертите, можеби „Егзит“ и слично.

http://parketifanclub.forummk.com

macaparket

avatar
Admin
Нешто сосема обично



Сашо Паркет... Прекаро не го кажвам оти не е убав.... Водолија во хороскоп, пејач на забавни мелодии... Сакам да се женам со чупе од Медитеранот и да одам за домазет таму.



Симс Паркет... Прекар Себастиан, бик. Професија - да биде замислен... Сакам да имам сопствена золошка и таму најголема колекција на пеперутки. И да им давам имиња по девојки во кои сум заљубен...



Зоки Паркет... Прекар немам, арно шо немам, оти во Битола ко ке ти клат некој прекар в душа ке те здоболи. Близнак сум во хороскоп (демек дволичен, но нема врска тоа со животот). По професија сум професор по историја, сакам низ Аризона да се возам со „мустанг “, ветрот да ме гали по косата и до мене да биде моето слатко бејбе со розева марама.



Славе Паркет
... Прекар - Змеј, хороскоп терезија, професија - тапанар. Сакам да одам по риби на Алјаска и Канада, да имам „бентли“ и мало куче и да снимам документарни и играни филмови.



Марија Паркет... Паркетка, скорпија. Вработена е. Веќе ја направи најоткачената работа, а тоа е да свири во „Паркети“. Ко за чупе тоа не е мала работа.



Пеце Паркет... Кларинет, не се знај шо е во хороскоп... Преслаб е за било што да работи. Му забрани докторо и да свири, но тој, сепак, свири и не му ја мисли многу. Сака да купи точак професионален и да се вози низ Македонија. Му фалат уште 1.500 евра за да плати кирија и струја и да купи точак.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=555ABD0D9644B64B938EC886B5FA152E

http://parketifanclub.forummk.com

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот