You are not connected. Please login or register

Стари статии

Отиди на страна : Previous  1, 2

Go down  Порака [Страна 2 of 2]

26Стари статии - Page 2 Empty Re: Стари статии on Сре Aвг 05, 2009 1:33 am

Angela

Angela
ПОРАДИ ДАРКО АНТОНОВСКИ


Паркети ја закачаат Ања Ветерова

Режисерот Дарко Антоновски деновиве под капата на својата видеопродукција Цоммунитѕ Пицтурес го сними првиот професионален детски спот. Записот е за песничка на 9-годишната Ања Ветерова, која неодамна сними дует со битолчаните Паркети. Темата е со наслов "Јас те сакам" и токму веселата содржина е главната инспирација на режисерот Антоновски. Во приказната Ања и нејзините другарчиња се забавуваат во импровизираната детска соба додека екипата на Паркети се обидува да им "влета" во нивното мало царство.

Стари статии - Page 2 F2831C71ACC88F49A14CE52E52507D8D Стари статии - Page 2 7AA414C9C9C6FD49AE1DCD9F83B18517

Што точно се случува во спотот, гледачите ќе имаат можност да видат наскоро, затоа што одбројувањето до ТВ-промоцијата веќе почна.
"Ви ветувам дека ќе има и тоа како што да се види кога сето ова ќе се спакува и изработи", вели Антоновски.

(А.Т.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=952FED33EC884841AE22F3C3167BBA41

27Стари статии - Page 2 Empty Re: Стари статии on Сре Aвг 05, 2009 1:34 am

Angela

Angela
ВО НОВИОТ СПОТ


Паркети се возат во хипи-комби

Стари статии - Page 2 3A46F358DF166F4DA72B8A4696D41CBD

Битолчаните Паркети во спотот за дуетската со Елена "Сакам да те галам" возат комби, што потсетува на хипи епохата. Кадрите, дознаваме, се снимени во текот на минатата недела на неколку локации во околината на Скопје, а гледачите финалниот производ на ТВ-екраните ќе можат да го видат наскоро.

За екранизирање на приказната се погрижи Александар Ристевски - Принц, а продукцијата е на М2.

(А.Т.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9A654A8E67348C45A3EBA7266B2B13CD

28Стари статии - Page 2 Empty Re: Стари статии on Сре Aвг 05, 2009 1:35 am

Angela

Angela
ПАРКЕТИ СО СПОТ ЗА СТРОУБЕРИ


Главната улога ќе ја има девојката која ги инспирирала

Стари статии - Page 2 D2FB32B14C6182409578850FC62B09C6

Битолските панк-рокери Паркети деновиве се ангажирани околу снимањето на спотот за темата "Строубери", со која настапија на домашниот избор за Евросонг. Спотот ќе го работи Константин Плевнеш, а интересно е што главната улога ќе и припадне на девојката која всушност им била инспирација за песната. До реализацијата на овој видеозапис Паркети уште ги очекува и промоција на спотот за "This rain will go away", како и првоаприлска свирка на плоштадот "Македонија" во Скопје. Интензивно работат и на новиот албум, како и обработката на темата "Пара бери киселец" на француски јазик.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=21E868D6961C9546B80B88F573E7C2CE

29Стари статии - Page 2 Empty Re: Стари статии on Сре Aвг 05, 2009 1:36 am

Angela

Angela
САШО ПАРКЕТИ:


Свириме за 1.000 денари по човек

Стари статии - Page 2 726D49C94A668A43A64F5BC041BE78F6

Албумот на битолчаните Паркети "Мамо, не му кажувај на тато" конечно е достапен за паркет публиката и тоа за 100 денари. Музичкото парче на панк -рокерите содржи 12, 5 песни и летово ќе го промовираат низ повеќе градови.

"Свириме за 1.000 денари по човек, а некогаш не земаме ни толку. Настапуваме и без пари затоа што сакаме да свириме. На 3 јули сме во Скопје во клубот Хавана, ќе почекаме малку да се свртат песните за нашата публика да пее со нас. Летово ќе бидеме претежно во Охрид затоа што сите одат таму на капење", изјави на вчерашната промоција вокалот на групата Сашо Паркет.

На ЦД-то се наоѓаат и песните "Сакам да те галам" со Елена Ристеска и "Јас те сакам тебе" со деветгодишната Ања Ветерова. Песната со Ања има спот кој го изработи Комјунити пикчерс и е во режија на Дарко Антоновски.

"Ги обожавам Паркети и им пратив покана да направат песна за да ја отпееме заедно и многу сум среќна што можам да се дружам со нив", рече Ања, а Сашо Паркет ја дополни и рече дека ќе ја водат на концерти со нив ако не пие пиво.

(А. Ѓ.)
Д. Андоновски

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=83404360DC747845B54733AB3D1B9692

30Стари статии - Page 2 Empty Re: Стари статии on Сре Aвг 05, 2009 1:37 am

Angela

Angela
п.с. ја са оволико година не пијем пиво,а девојчица од 9 година ће пити lol! lol! ипак ће је водити на концерте lol!

Sponsored content


Вратете се на почетокот  Порака [Страна 2 of 2]

Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот