You are not connected. Please login or register

Големи како широк сокак-Во кафез со Битолските Паркети

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

macaparket

avatar
Admin


Во 2002 одевме пеш по телевизиите низ Скопје да носиме спотови, и на сите требаше да им објаснуваме дека не сме фирма за местење паркет. Нам не ни е цел да продаваме пуфки овде туку да се пробиеме на светско ниво, и иако некому ова ќе му биде смешно, ете ние, глупавите "Паркети" веруваме дека ќе успееме. 17 години свириме по подруми и на релација Скопје -Битола. Сега свириме насекаде и, конечно, пристојно живееме од музиката

Еден прекрасен сончев ден, кога цела Битола беше излезена на летните тераси во локалните кафулиња (главните стационирани околу познатиот Широк сокак), "Паркети" ги најдовме седнати внатре, единствено тие во темницата на едно кафуле.
Договорената фотосесија ја пречекаа професионално, средени од глава до петици и подготвени за повеќечасовна активност.
Како прва локација, се определија за прошетка низ Чаршијата, но во стариот дел (новиот, како што ни објаснија, бил фенси и комерцијален).
"Овој не ми рекол здраво од кога пееше со Елена", и се пожали еден пријател на Марија Паркет, по неколку неуспешни довикувања по Сашо за време на прошетката.
Откако сите сфативме дека двата белега на Битола (Чаршијата и "Паркети") е тешко да ги сместиш во една фотографија, Сашо предложи:
"Можиме да идиме на германските, турските или на обичните гробишта, таму е најјако за сликање".



Полуздравата "опел астра" ја возеше Марија. Ни рече дека "Паркети" ја чувале во бендот бидејќи само таа има кола. Внатре имаше касета од Крис Риа.
Муабетот почна околу комерцијалниот испад со "Строубери", животот пред и после, и евентуалните обвинувања дека "Паркети се продале.
"А бе каков испад....Тоа, веројатно, беше најпаметната работа која сме ја направиле. Не е мерило една песна како 'Сакам да те галам' за да обвиниш некој кој 17 години свирел на македонската андерграунд сцена. И покрај тоа, песната со Елена е одлична песна. Нам не ни е цел да продаваме пуфки овде туку да се пробиеме на светско ниво, и иако некому ова ќе му биде смешно, ете ние, глупавите 'Паркети' веруваме дека ќе успееме. 17 години свириме по подруми и на релација Скопје - Битола. Сега свириме насекаде и, конечно, пристојно живееме од музиката. Нема поента да свириш на скршени гитари во дупки, и да те води мислата дека си андерграунд. Секој прави музика која сака да ја слушнат што повеќе луѓе. Тие што го велаат спротивното - лажат. Видовме и дека има антипаркети група на Фејсбук. И што? Тие да не сакаа да свириме уште 17 години за душа и во слободно време да бидеме таксисти за да се прехраниме. Битно е дека луѓето не се рамнодушни кон нас. Дали нe сакат или нe осудуваат, тоа е индивидуално", вели Сашо.
Изборот падна на едно од горенаведените гробишта. Сите жалеа што Славе (тапанарот во групата, кој имаше обврски со "Фолтин" каде што исто е тапанар) не е присутен и, по некоја случајност, не бил присутен речиси на ниту една официјална фотосесија. По прекорувањата од една баба, појаснувањето на нашите добри намери и инструкциите од неа како да се однесуваме на гробишта, "Паркети" влегоа во најстариот гроб, фотографот се качи на дрво над нив, тие менуваа пози од секунда во секунда, и продолживме во потрага по наредната локација.




За среќа, наредната локацијата беше соседната Битолска зоолошка. Додека одевме натаму, четворката редеше идеи: можеме да се преправаме мртви пред поларната мечка; можеме да влеземе по капачки гаќи во базенот кај шатките и да се капиме со нив; можеме да одиме да го провоцираме лавот....
Но средбата со кафезот со мајмуни се случи љубов на прв поглед.
"Ние сме 'Паркети', и дали можеме да влеземе во кафезот со мајмуните?", го прашаа чуварот на Зоолошката.
"За 'Паркети' нема проблем, но во празниот кафез до мајмуните", одговори чуварот кој, како и сите битолчани од кои побаравме помош тој ден, со радост ни излезе во пресрет.
"Паркети" во кафез беа повеќе од пријатно изненадување за посетителите на Зоолошката тој ден. Соседните кафези се натпреваруваа во изведување трикови. Мајмуните, пресреќни што добија нови пријатели во соседството, се поздравуваа со групата (Сашо доби гребеница на раката од еден мајмун, и сите го бодреа дека конечно ќе фати сида). Телефоните им ѕвонеа константно, а на нивните појаснувања дека се во кафез со мајмуни никој не бараше дообјаснувања туку, по должината на муабетите, сите реагираа во стилот "Добро, ве бараме подоцна". Половина час во кафез и двесте фотографии, време беше да се разделиме.
Разделбата беше тешка и повторно со муабет за нивните фанови, посебно за новите, поточно за оние што мислат дека "Паркети" постојат две години.
"Голем поздрав, посебно до нив... Ако се заинтересирани повеќе, можат да ги побараат и претходните четири албуми, ќе најдат уште многу убави песни од нас. А сега ќе има нов албум, па нема да се само две песни, ќе можат да најдат уште три-четири плус", едногласни и во поздравот и во смеењето.
Во целина, не дека "Паркети" не се весели, но ги фативме во колективно расположение. Марија позборлива од обично, Зоки зборлив и весел како секогаш, Симсо тешко разбирлив, но кога ќе почнеш да го разбираш - "е то е то", и Сашо (кој освен што зборува, пишува, пее у бенд, вози мотор и сака да живее на море).



"Главно, секој човек во душата сака да биде препознат. Никој не сака да биде анонимен и незабележан. Во 2002 одевме пеш по телевизиите низ Скопје да носиме спотови, и на сите требаше да им објаснуваме дека не сме фирма за местење паркет. Нормално дека сега ни е многу поубаво и позабавно од периодот пред 'Строубери'. Од мали деца веруваме дека ќе станеме славни во светот или ќе имаме барем еден албум или песна меѓу топ 40 на Билборд листата.... И да ви кажеме право, чуствуваме дека сме на добар пат.

Новиот албум на почетокот на мај

"Домашниот есап не излегува на пазар" , ни рекоа "Паркети", со оглед на тоа дека албумот кој веќе требаше да биде излезен е одложен за почетокот на мај. Албумот ќе се вика "Мамо, не му кажувај на тато", наслов за кој ништо не откриваат, ни чија мама (за да не сме барале изјава од жената) ни што беља направиле. Ќе има неколку песни на англиски, една-две веќе познати, една преработка и многу нови досега необјавени.
Синглот кој ќе го најави албумот ќе се појави наскоро, и станува збор за уште еден дует.
"Тоа е една полудетска песничка, дует со едно мало девојче по име Ања. Песната се вика 'Је је је, јас те сакам тебе' и е прекрасна комерцијална песна. Ања пее многу убаво и има учествувано на детскиот 'Сан Ремо' во Италија, а тоа досега не му успеало на ниедно дете од Балканот. За песната ќе снимаме спот в недела во Скопје.



http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=A300F5993FBD994696283B098C9FE4AA

http://parketifanclub.forummk.com

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот