You are not connected. Please login or register

Toa сум јас Сашо, Вокал на Паркети

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

macaparket

avatar
Admin


Собирам конзерви од сокчиња и пива


Сашо Паркет е вокал на култната панк-група од Битола - "Паркети" и човек кој плени со својот стил на облекување, настап на сцена и воопшто, со својата појава. Сашо Паркет е уникатен како и сите "Паркети" и таков е од самата појава на бендот, некаде пред 15-тина години. "Стробери", песната со која настапија за избор на песна на "Евровизија", пред пошироката јавност ги стави во фокус како група со цврсто изграден стил, харизма и пред се - карактер. За ВЕСТ, Сашо се открива себеси, овојпат малку подлабоко.

ОБЛЕКА
Привлечна за женските


Сакам да носам облека што ме прави задоволен со себеси и ми влева самодоверба. Тоа е облека со која сум привчен за женските, и а ме прави фаца за сите. Понегогаш тоа е нешто вообичаено, но мене ми се допаѓа и си го носам. Е сега има еден факт кој сакам да се оствари понатаму. Тоа е, кога би имал повеќе средства (пари), би купувал облека во Солун на пример, и би купувал скапи работи. Многу обожавам "левис" фармерки но и други убави фирми. На чевлите им обрнувам најмногу внимание. Сакам шалчиња и марами за на вратче мое долго. Интересни очила, тесни маички и кошули и палтенца кои добро ми стојат. Сакам и костуми, многу тесни и куси во ракавите.

ХОБИ
Возење со чоперот


Целиот живот ми е едно големо хоби, така што да не знам што да ви кажам. Кога бев мал собирав конзерви од сокчиња и пива. Одев со велосипед до грчката граница и по патот барав празни конзерви. Се уште ги имам "кока кола" од светското првенство во Мексико 1986 и "фанта" со Мики Маус на сликата. Инаку сега ми е хоби да се возам со мојата моторџиска дружина "Ц.С Рајдерс" со мојот кинески чопер и цело лето не сум дома свртен. Хоби ќе ми биде еден ден кога ќе сум богат, да собирам убави коли и мотори.

ИСХРАНА
Свеж кокос


Јас сум вегетаријанец и 13 години не јадам месо ни риба. Обожавам млечни производи и убави вегетаријански храни. Имав среќа да одам во Индија пред три години и најомилен пијалок ми е свежо скинат зелен кокос. Течноста ми е како еликсир на животот.

ШТО ПРАВАМ КОГА НЕ ПРАВАМ НИШТО
Никогаш здодевно


Една работа во животот многу ретко ми се случувала а тоа е да ми биде здодевно. Воглавно има повеќе работи за правење и може да се каже дека немам многу време. Посебно сега кога стануваме популарни се повеќе. Во слободно време пишувам на "мајспејс" или гледам нешто на телевизија, филм или слично. Порано читав стрипови и книги. Сега поретко читам но сакам добри филмови.

ФЕТИШИ И ПОРОЦИ
Светец


Нема човек без пороци но не би ги откривал моите. Се трудам да бидам и со што почисти мисли. Кога би можел да бидам светец и би станал, но далеку сум од тоа. Но сепак научив во животот да ги почитувам сите живи суштества, а јас сум најбезначаен од сите.

Подготви: И. Илиев

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=151594&idg=8&idb=2375&rubrika=%40ivot

http://parketifanclub.forummk.com

Нате Паркет

avatar
macaparket напиша:
ХОБИ
Возење со чоперот


Инаку сега ми е хоби да се возам со мојата моторџиска дружина "Ц.С Рајдерс" со мојот кинески чопер и цело лето не сум дома свртен. Хоби ќе ми биде еден ден кога ќе сум богат, да собирам убави коли и мотори.
Eхх, колку пати го имам видено Сашичо со маицата од Рамонс на чопер :D :D

http://arsonisticintent.forumotion.net/forum.htm

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот