You are not connected. Please login or register

ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! on Нед Aвг 02, 2009 3:57 pm

macaparket

avatar
Admin
Девеесетите... На ТВ екраните - војните во кои што финишира распадот на Југославија. Македонија го започнува патот на независна држава, на битолското корзо се седи само од на нога оти нема кафичи, туку гранапи, продавници за бела техника и по некоја слаткарница. На Радио Битола ДЕМО ТОП 10, многу млади изведувачи сакаат да си ја испробаат среќата за влез во светот на бесмртните, светот на славните, светот на полубоговите на нашето време, од нас обичните смртници викани ѕвезди. Тогаш, една од песните која што според бројот на гласовите ќе остане на прво место на ДЕМО ТОП 10 подолг период е „Клара “ од бендот Паркети. Од таа далечна 1991 година Паркети продолжија да работат во различни состави, со тоа што во бендот речиси цело време остана тројката која што го формираше бендот во школските клупи во „Стив Наумов“: Славе Паркет, Симс Паркет и пејачот Сашо Паркет. Покрај нив денес членови на составот се и Марија Паркет и Пеце Паркет – кларинет. Во 2007 година на Евровизија ја изведоа песната „Strawberry“, хит кој ќе ги катапултира Паркети во македонската музичка сцена. Настапот на Евровизија дел од фановите и од критиката ќе им го пишат за грев и влегување во музичкиот мејнстрим. Можеби изгубивме некои фанови, но многу повеќе добивме нови, вели Сашо Паркет. Признава дека Паркети се дудуци за бркање на спонзори, но и дека немаат намера да ги молат. Во интервјуото за ЕГО зборува за нивниот нов албум „Мамо не му кажвај на тато“, за амбициите на бендот да настапува надвор од нашата земја, за рокенролот...



Ќе ни го претставиш ли вашиот нов албум?

Албумот има дванаесет и пол песни, затоа што не сакавме да има тринаесет, да не биди малер. Ова е нашиот прв албум кој што има солидна дистрибуција низ целата земја и се продава на сите продажни места на ВРЕМЕ и Хедис-маркетите. Мислам дека на слушателите им нудиме еден навистина убав албум. Тука се и нашите хитови „Strawberry“, „Сакам да те галам“ и песната за деца испеана со Ања Ветерова „Је, је, је, јас те сакам тебе“. ЦД-то ја носи и половинка од песната со која што настапивме на Мак-фест „Ноќ од илјада дена“. Има и три песни на англиски, една од нив е „ This rain will go away“ инаку снимена пред две години.



Постои ли некоја разлика, стилска или можеби музичка помеѓу она што Паркети досега го работеле и „Мамо не му кажвај на тато“?

Па ние пред две - три години почнавме да правиме песни од типот на „This rain will go away“. Тој правец навистина ни одговараше. За оваа песна снимивме и спот. Песната за жал речиси воопшто не се вртеше по радија и телевизии, иако мислам дека оваа песна е навистина добра, можеби една од најдобрите песни што сме ги свиреле. За среќа, на македонскиот избор за песна на Евровизија настапивме со „Strawberry“. Видовме дека луѓето бараат малку покомерцијални песни, па така може песната да ти се заврти по радија и телевизии. А потоа можеш да пласираш и нешто друго, нешто што не е толку комерцијално. Но не мислам дека сите песни на нашиот нов албум се комерцијални, тука има песни кои што се во стилот на Паркети во вистинска смисла на зборот. Резимирано, албумот не е брз и аграсивен, но далеку од тоа дека е чисто комерцијален албум.



За прв пат испеавте и песна за деца...

Тоа ти е судбина. „Је, је, је, јас те сакам тебе“ ја напишав за ќерката на еден мој пријател. Со таа песна требаше да настапи на детската Евровизија. Меѓутоа работите нешто се искомплицираа, дали чупето се олади или едноставно не и се одеше, не знам. Кога ни се јавија родителите на Ања и Оливер Димитров, се решивме да им ја понудиме оваа песна и не мислам дека згрешивме. Луѓето се сами си финасираа, а тоа е предност. Песната е убава, ја сакаат и стари и млади. Јас лично не би ја оценил како типично детска песна.



Еднаш на страниците на ЕГО на читателите им откри која е „Strawberry“. А која е „Eva Mendes “?

Таа песна ја напишав јас, заедно со уште двајца членови на групата Симс Паркет и Славе Паркет. Симсот ја имаше првобитната идеја за музиката и почетокот на текстот. Славе е автор на рефренот Ева Мендез, а јас го напишав остатокот од текстот. Таа не е за една личност, тука за некои чупиња кои што се како Ева Мендез кои што инаку ги има со лопати да ги риниш! Да не се разбереме погрешно, не дека не ги сакам таквите чупиња, тие ми се најубави. Слушнете ја песната и ќе разберете на кого се однесува.



За спотот за оваа песна рековте дека е направен за инает на сите кои што мислат дека сте буљаши и ќе биде забранет за оние под шеснаесет години...

Спотот е снимен и материјалот веќе го монтираат во Тринити-продукција. Тука има една кукла на надување од „Валијант “, ама облечена си е, не е гола. Ќе видиме како ќе испадне во монтажата, но ќе има сцени кои што не се за денски да ги пуштиш на телевизија. Спотот ќе биде в крај панкерски. Инаку сниман е во објектот на некогашното кафуле Алхамбра во Битола. Центарот за култура беше љубезен да ни позајми костими со кои што настапивме во спотот, Славе е облечен како турски војник, Зоки Паркет во бела униформа на адмирал, нешто слично носи Симс Паркет. Интересен спот и матна песна. Публиката ќе го види во август.



Вашата амбиција е да настапувате надвор од Македонија.

Досега сме настапувале само во Албанија. Летово повторно ќе настапиме во Тирана.



Дали за вас е предизвик да настапите на новосадскиот EXIT?

Можам да кажам дека отсекогаш сме сакале да се претставиме на тој фестивал.Е ама постои круг на менаџери во Македонија задолжени за EXIT кои што од чист инает не сакаат Паркети да настапат на фестивалот. Паркети немаат намера никога да молат! Ќе биде и тоа. Можеби на EXIT ќе одиме како голема музичка атракција.



Речиси целото снимање на албумот си го финансиравте сами. Тешко ли е за еден бенд кој што живее надвор од Скопје да допре до поголеми спонзори кои што би помогнале во снимањето на албумот?

Кога се подготвувавме за Мак-фест отидовме кај градоначалникот на општина Битола Владимир Талески. Тогаш тој, покрај подршката за Мак-фест, се понуди да ни помогне и во финансирањето на албумот.Така од општина Битола добивме 1.500 евра. Тоа е супер! Останатите 4.500 евра потребни за снимање на албумот ги дадовме ние. Ние за бркање спонзори сме дудуци, а таа работа обично ја бркаат менаџерите. Затоа би било убаво нашите фанови и оние кои што тоа не се да си го купат албумот.

Ако добро паметам досега сте немале свој менаџер?

Моментално работиме со FRESH UNION од Битола. Немаме соработка во смисла на формално потпишан договор, но ете, тие ни наоѓаат некои свирки. Ќе видиме како понатаму ќе се одвива соработката со оваа агенција. А, оти досега сме немале менаџер? Абе катиљ луѓе сме сите во групата. Терсене сме в крај! Шегата настрана, но признавам дека си имаме чуден табиет и за некој да ни биде менаџер, па тој едноставно треба да биде ист како нас. Но од друга страна мислам дека досега никој од менаџерскиот еснаф не разбрал дека Паркети бараат многу малку да се вложи во нив и да им се овозможи да настапат надвор. Оној кој што ќе го направи тоа ќе заработи многу пари. А ќе заработи за тоа што ние без дилема сме интересен бенд. Пред некое време свиревме во Куманово и пет чупиња на возраст од пет-шеснаесет години од Србија кои што прв пат ги видоа Паркети, не отепаа од бацвање.

Што е она што се поставува како пречка пред македонските бендови за да ги запознае публиката надвор од нивната земја? Можеби јазикот на стиховите...

Најбитен е квалитетот. Сите кои што биле квалитетни излегле надвор од Македонија, Леб и сол, Мизар, Тоше Проевски. Се разбира потребен е и добар менаџер, каква што на пример беше менаџерката на Тоше Проевски.

Единстевен бенд кој што беше навистина многу добар, а не успеа да излезе надвор од границите на нашата земја е Архангел. Тие беа многу квалитетен бенд, секоја чест за Ристо Вртев, но мислам дека тој не се ангажираше доволно во тоа нивната музика да ги надмине границите на Македонија. Тоа тие можеа да го направат во `90-те кога го достигнаа врвот на славата.

Дали добар спот би помогнал? Прикажување на MTV Adria?

Дефинитивно! Иако луѓето сосем погрешно мислат дека ете ќе се појавиш на MTV Adria и готово веќе си славен. Оваа куќа го прикажуваше нашиот спот за „ Сакам да те галам“. Мора да се има дарбина. Ама потребно е среќа, к’смет, карма како сакаш речи го... Ние веруваме дека ќе станеме славни низ цел свет.

http://parketifanclub.forummk.com

2 Re: ТЕРСЕНЕ СМЕ В КРАЈ! on Нед Aвг 02, 2009 3:58 pm

macaparket

avatar
Admin
Потенцирате дека сте рокенрол бенд и дека рокнеролот за вас како музичари е многу значаен...


Да беше Симсот ќе ти објаснеше подобро што е рокенрол. Тој знае повеќе за рокенролот и речиси само за тоа зборува. Ние секогаш сме биле рокенрол бенд. На почетокот, во девеесетите кога почнувавме со работа, не знаевме да свириме и во тие околности публиката на нас гледаше како на панкери. Ние во секој случај ги слушавме и ги сакавме Ramones и Sex Pistols, но растевме и со Битлси, Елвис Присли, Бади Холи...Музиката од педесетите. Рокенролт го прави човекот да се чувствува жив. Денес ми се чини дека луѓето се многу себични и дури нема ни љубов помеѓу машко и женско, туку само женското да се задоволи со некое машко и обратно.


Мислиш дека музика воопшто, не само вашата, може да смени нешто?


Не. Конкретно ние работиме за таквите луѓе кои што сакаат животот да им биде исполент со позитивни емоции и романтичност. Луѓето, едноставно скршени од секојдневието не сакаат да се оптеретуваат со своите емоции, мислам дека и популарноста на електронската музика е производ на ваквата ситуација. Едноставно - си земаш едно екстази и играш цела вечер. Рокенролт сепак беше нешто друго, си имаш кола или мотор, па излегуваш со девојката, имаш свирење по гаражи... Тоа, да бидеме искрени, луѓето повеќе не ги интересира. Иако сосем нормално постојат луѓе кои што уште мислат дека овие работи се битни во животот. Ние се трудиме на тој роненрол да му дадеме свој печат и да им го дадеме на обичните луѓе.


Дали Паркети се задоволни од бројноста на нивната публика?


Презадоволни. Порано нашата публика беше главно составена од панкери, да речам поандреграунд деца. Сега, можеби половина од нив не доаѓаат на нашите концерти затоа што на пример снимивме песна со Елена Ристеска. Но во мометов имаме шест пати повеќе публика која што се препознава во некои жанрови поразлични од она што се дефинира како андерграунд. Ние воопшто не сме сменати и се уште сме Паркети. Поинаку размислуваш и свириш кога имаш седумнаесет, поинаку кога си на триесет и пет години. Пред некое време во Струга имавме концерт со многу убаво озвучување, ни го постави Перо Камиказа. Ко му згрмивме еднаш панкерски!

Како ти поминува слободното време?

Се трудам да не поминувам многу време на Интернет. Си се возам со мојот мотор. На лето сакам да си одам на капење. Убаво ми е да се возам покрај езеро или море. Порано повеќе сакав да читам книги. Ми се допаѓаат некои од книгите на Достоевски. Човекот делува многу досадно, ама книгите му се многу јаки. Ги сакам авторите кои што не се концентрирани на надворешни случувања, туку влегуваат внатре во самите ликови. Кај Достоевски на пример четири лика си седат на маса и ние знаеме што размислуваат, кои се и што се.

Филм, изведувач или песна кои што во последно време ти се допаднале?

Филмот „ Shut them all“ со Клив Овен и Моника Белучи. Музика последно што ме бендиса се „White stripes“ и „ Hives“ лани ги гледав на EXIT и ми оставија силен впечаток. Исто така Juliet Lewis and the likc. Песни има многу, секогаш се најдува по нешто од ваму - од таму.

Дали сте добивале понуди да настапите на митинзи на политички партии? Би прифатиле или би одбиле таква понуда?

Не сме добиле некоја посериозна понуда за таква работа. Кога би ни понудиле, навистина не знам дали тоа би го прифатиле.Ако се работи за милионска сума, оти да не?

Се сеќаваш ли на првата музичка проба на Паркети?

Добро се сеќавам дека тоа беше кај мене дома. Замисли во истата просторија денес е моето музичко студио. Тогаш беше нешто како дневна соба на долниот спрат од куќата во која што живеам. Јас и Симсот тогаш бевме во осмо одделение и го викнавме Славе, кој што тогаш појма немаше од тропање на тапани. На Славе наместо тапани му дадовме една перница, а наместо палки два фломастери. Така Славе тропаше на перницата со фломастерите, а јас и Симсот свиревме на полураштимани акустични гитари. Се снимавме на едно касетофонче. Бевме уште Југославија и се трудевме да пееме на српски јазик. Имавме една песна „Сви станари у једној згради сви су будни, сви су будни“. Перницата која што на Славе му ги заменуваше тапаните уште си ја имам дома.

http://www.ego.com.mk/arhiva/89-204/284-tersene-sme-fkraj.html

http://parketifanclub.forummk.com

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот