Join the forum, it's quick and easy

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

You are not connected. Please login or register

Правила на форумот

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Правила на форумот Empty Правила на форумот Пон Апр 27, 2009 10:53 am

macaparket

macaparket
Admin

Правила на форумот


1) Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.

2)Членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. Оваа акција се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на форумот.

3) "Parketi Fan Club" се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на Parketi Fan Club Форум, ќе ви бидат потребни валидна електронска пошта и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.

4)"Parketi Fan Club" може да разоткрие нечии податоци на надлежните органи доколку се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на Parketi Fan Club форумот, вашата IP адреса се снима.

5) Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

6) Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.

7) Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан.

8) Врски кон други интернет страници (линкови) во потписите на членовите, кои се прикажуваат под секое напишано мислење, се дозволени само во случај кога на страницата до која води линкот има веќе поставено линк до "Parketi Fan Club".

9) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на "Parketi Fan Club" и членовите.

10) Модераторите и администраторите на форумот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на форумот од страна на членовите со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно. Иако модераторите и администраторите ќе се потрудат да ги одржат објективни содржините на форумот, невозможно е да се проследат сите поставени содржини од страна на членовите и да преземат одговорност за истите.

11) Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.

12) Основен јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица.

13) Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.

14) Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство.
Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.

15) Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).

16) Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, сопствениците и/или уредниците на "Parketi Fan Club" не можат да се сметаат за одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.

17)Забранети е пишување на пост врз пост од страна на членовите.Се што имате да кажете кажете го во еден пост.

18) Сите прашања во врска со "Parketi Fan Club", правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот Parketi Fan Club каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.

19) "Parketi Fan Club" го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.

https://parketifanclub.forummk.com

Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот