You are not connected. Please login or register

Сашо Ставрев-Целта ни е да сме како Битлси

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

macaparket

avatar
Admin
Ако за ништо друго Паркети заслужуваат респект заради упорноста. Повеќе одедна и пол деценија се борат за опстојување на сцената и конечно во последно време тоа почна да дава резултат.

Нивната музика веќе им е добро позната не само на хард-кор фановите на бендот, апесните „Strawberry“ и новата „Сакам да те галам“ станаа вистински хитови. Последнава нумера ја снимија во дует со Елена Ристеска, и моментно се монтира видео записот за неа, кој би требало да биде завршен во следните неколку денови. Го побаравме фронтменот на Паркети,Сашо Ставрев, за разговор во врска со некои работи поврзани со бендот.

Какви се впечатоците од снимањето на спотот?
-Фантастични, за Елена имаме само најубави зборови. Прекрасна и мила личност, со која соработката никој не ни ја наметна насила, туку дојде спонтано и може да кажам дека со неа ги поминавме некои од најубавите денови во кариерата.

Има ли видеото приказна или станува збор за класичното стоење пред камера и свирење?
-Режисер на спотот е Принц, а од неговата досегашна работа може да очекуваме квалитетен производ. Не знам што од снимениот материјал ќе се стави во финалната верзија, но мислам дека има доволно интересни елементи, особено што сè е направено на професионално ниво. Бидејќи рефренот вели „Сакам да те галам, со тебе да се фалам“ важно беше да се почувствува таа весела љубовна енергија меѓу мене и Елена. Се снимашево студио и во рударски коп, има едно хипи комбе на кое Елена е качена и пее, а ние свириме до него, на тепих. Прилично шарено и јас би рекол возбудливо, па ќе видиме што од сето тоа ќе излезе на крајот.

Како, воопшто, се случи комбинацијата со Елена и снимањето дует?
-Луѓето со право велат - Господ ги слуша желбите. Оваа песна е напишана пред две години за „Евровизија“, меѓутоа поради некои причини не се најде таму и остана да „виси“. Кога повремено ќе ја засвиревме наконцерт публиката одлично реагираше, но јас знаев дека тука треба да седодаде уште „нешто“, ама тоа „нешто“ да биде битно. Прво ни текна на Каролина, бидејќи веќе имаме соработувано со неа и сакавме да и предложиме, кога благодарение на Оливер Димитров се појави можност за дует со Елена. Тој се понуди да ја праша, а таа веднаш прифати и сите сме задоволни што излезе така. Уште од нашиот прв контакт видов дека сеработи за многу пристојна, нормална и културна девојка. Се запознавме во МТВ, непосредно пред годинешниот избор за „Евровизија“, значи некадево февруари, и веднаш се создаде пријателство. Да не беше така, сигурно немаше да се случи дуетот. Јас не и реков тогаш за песната, но некако се поклопија коцкичките. Се заинтересира Оливер, а многу беше важно итоа што мелодијата му се допадна на Дарко Димитров. А, очигледно не погрешиле, зашто навистина имаме хит.

Што велиш на критиките дека Паркети ги напуштиле изворните рокерски и панкерски принципи, во соработката со Елена, учеството на „Евросонг“,„Макфест“?
- Свириме повеќе од 15 години и време беше да направиме некаков продор кон пошироката публика. За да се постигне нешто на музички план мора да те видат што повеќе луѓе. Ова беше мал комерцијален компромис, за кој се надеваме дека ќе ни овозможи наоѓање спонзор со чија помош ќе снимиме албум каков што доликува за бендот. И верувам оти тоа ќе се покаже како исправно, бидејќи веќе имаме ветување од градоначалникот на Битола за поддршка во реализацијата на цедето.Ние сме група која сака да биде најславна на светот. Тоа го фантазираме од основно училиште, кога го основавме бендот. Нашиот ум не се задржува само на Македонија, туку сакаме да сме како Битлси. Ќе направиме сè што треба за да го достигнеме тоа.

Беше ли тешко да се одржи групата во сите овие години?
-Сигурно дека имаше многу проблематични периоди, но сè додека човек има цел пред себе наоѓа сила да ги надмине. Кога ќе ја загубиш целта,остануваш без енергија за било што и само тогаш се откажуваш лесно. Ние секогаш имавме верба дека може да успееме, иако моето пеење не е најдоброто на светот, ниту свириме најдобро на светот. Навистина силно верувам оти ќе се оствари желбата Паркети да настапат на Ем-ти-виавордс или на некоја слична манифестација. Можеби е нереално, меѓутоа суштина на вистинскиот рокер е да размислува „на големо“, а не „намало“.

Колку стана полесно да се биде во Паркети денес, откако добивте медиумска промоција?
-Во последните две години се случуваат убави работи за бендот. Паркети имаат три фази. Во првата, на почетокот од 90-тите, бевме тотални панкери и малку луѓе нè познаваа. Потоа, се појавивме во емисијата„Пулсирања“ на „МТВ“ што претставуваше најголемата дотогашна промоцијана составот, па свиревме како предгрупа на Психомодо поп и тогаш се дозна за нас пошироко во Македонија. Кон крајот на 90-тите настапи мала криза, дојде до стагнација на бендот и секој тргна на својата страна,бидејќи е тешко да се свири ако немаш никакви приходи. За среќа, тоа помина, од 2001. тргна на подобро, а како што реков, последните две години се најдобри.

Значи сега може да живеете од музика?
- Да, дефинитивно.

Каков е односот на Битола кон Паркети? Во еден период родителите им забрануваа на своите деца да одат на вашите концерти, а сега сте нешто како музички симбол на градот.
- Постоеја предрасуди за дрогирање или за некои други лоши работи, и од таму доаѓаше таа резервираност на луѓето кои не нè познаваа. Но, полека вистината излегуваше на површина, пред сè дека сме луѓе кои немаат такви пороци и кои дури избегнуваат и пиење алкохол, така што веќе се случува родители да пријдат со деца за да се запознаат и да побараат автограм. Мислам дека денес битолчани се горди со Паркети. Инаку, што се однесува до публиката мора да го истакнам и Скопје. Најубавите концерти сме ги имале таму.

Се сметате ли себеси за најдобар македонски рок бенд во овој момент?
-Ова е деликатно прашање и не би сакал да навредам никого, со оглед натоа дека има многу добри групи, но имајќи во вид колку години егзистираме на сцената верувам дека имаме право да мислиме така. Сепак,тоа најдобро ќе се покаже ако се остварат плановите да го снимиме албумот квалитетно. Тогаш навистина очекувам цела Македонија да се гордее со нас. Знам дека имаме добри песни, но многу зависи од техничкиот дел. Убаво би било кога некој би помогнал да добиеме соодветни услови, доволно време, можност за миксување во странство...Досега толку наши песни звучеле супер во живо, а на снимка се лоши.

Во студио треба да влезете во средината на декември, што значи дека голем дел од работите се веќе дефинирани, како што е бројот на песни кои ќесе најдат на цедето.
- Најверојатно ќе има 12 композиции,од кои девет нови, плус „Strawberry“, „Сакам да те галам“ и можеби макфестовската. Три теми ќе бидат на англиски јазик зашто не може да се преведат соодветно на македонски. За во иднина, ако најдеме доволно средства, планираме и англиски албум со преработка на сите најголеми хитови од Паркети. Покрај тоа, постои идеја „Шеќерна“ ќе ја препееме на француски, „Бал“ на шпански итн. Во игра се доста можни комбинации, па ќе видиме што ќе излезе.

Кога правиш песна, што ти оди полесно, текстот или музиката?
-Првиот збор и првиот акорд се најважни, но сепак треба некоја мелодијада ти дојде го главата. Најчесто почнувам со „на-на-на“, а некогаш тргнувам од еден збор. На пример, ми се вртеше низ умот зборот„понекогаш“ и од него напишав песна „Понекогаш се будам“. Ја земам гитарата и свирам некакви импровизации и одеднаш нешто ќе зазвучи интересно. Тоа се важните моменти. Ако ја фатиш идејата, ако најдеш добар почеток, потоа оди полесно. Чудно е тоа, како што бремената жена знае еден ден пред породувањето дека е блиску моментот, така и музичарот претчувствува кога ќе му се случи добра песна. Тогаш се чувствувам необично, расположението ми се менува и знам дека е време да земам гитара и да свирам. Некогаш се случува идејата да дојде веднаш,друг пат по три часа, ама уште претходно добивам внатрешна најава дека ќе се појави.

Ќе има ли нешто ново пред излегувањето на албумот?
-Можно е. Направивме преработка на „Билјана платно белеше“, која верувам дека ќе им биде интересна на луѓето затоа што е во модерна верзија,како кога некој би ја напишал денес, вклучувајќи и измени на текстот.На пример, ние велиме „оздола идат фраери“ место „оздола идат винари“или „во евра ќе ти платиме“, место „со вино ќе ти платиме“. Ако се договориме, можеби неа ќе ја пуштиме до крајот на годинава.

http://parketifanclub.forummk.com

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот