You are not connected. Please login or register

Во продажба новото CD на Паркети

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Angela

avatar
Новиот албум на битолските Паркети е насловен Мамо не му кажвај на тато и од завчера веќе е во продажба. Содржи 12 песни и уште неколку како бонус, а за официјалната промоција се уште нема точни податоци – дознава Нова Македонија.

Насловот на цедето е инспириран од тоа што во времето кога снимавме Симс Паркет беше избеган од дома, па и кажа на мајка му да не му кажува на татко му - се шегува Сашо Паркет, водачот на групата, во својот препознатлив стил.

Четири од песните, меѓу кои и евровизиската Строубери и Сакам да те галам испеана со Елена Ристеска, веќе и се познати на публиката. Како комплетни автори се јавуваат членовите на групата, а единствено аранжманот на дуетот со Елена го потпишува Дарко Димитров. Паркети велат дека обвивката е наједноставна што може да биде, поради тоа што, како и секогаш, се стремат да бидат надвор од сите норми.

Освен од градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, друга финансиска помош немавме. Во голема мера се спонзориравме самите ние и поради тоа малку задоцни објавувањето на албумот - вели Сашо Паркет.

Истовремено со албумот ќе биде промовиран и спотот за песната Сакам да те галам, снимена со деветгодишната Ања Ветерова.

Паркети наскоро најавуваат и промотивни концерти низ земјава. Во Скопје најверојатно ќе свират во почетокот на јули, за публиката да има време да го преслуша новиот материјал.

Сметаме дека албумот е добар за ова време и околности... Да сме здрави и живи, ќе има можеби уште подобри албуми во иднина - најавува водачот на групата.

http://www.mmm.com.mk/default-mk.asp?ItemID=51A76F95625B4F439CB38854E637EBF0&arc=1

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот