Join the forum, it's quick and easy

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

You are not connected. Please login or register

Стари статии

3 posters

Отиди на страна : 1, 2  Next

Go down  Порака [Страна 1 of 2]

1Стари статии Empty Стари статии Саб Апр 25, 2009 6:20 pm

macaparket

macaparket
Admin

Стари статии M_4b58d0f0dfb83b0d99c30172269e5cf8

https://parketifanclub.forummk.com

2Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 6:21 pm

macaparket

macaparket
Admin

Стари статии M_4ced277de3b6d3785ef2e533819e91c2

https://parketifanclub.forummk.com

3Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 8:53 pm

macaparket

macaparket
Admin

Тајната на името маде ин Битола

Новиот албум на Паркети, кој беше и албум на минатата недела на plagij.at, Тајната на Името е фантастиque!!! Незнам, дали е најдобар од сите, бидејќи сé што е од Паркети ми е драго!!
Целиот албум како целина е хаос. Умрени луѓе во кои паркети се појачале со дувачки инструменти(незнам кој ги свири), ми скрена внимание бидејќи е многу поразлична од сите досега нумери од Паркети. Дај ми Чад е со повесел карактер каде што повторно Паркети си се Паркети и искористиле она како што си знаат енглезите (тоа е у мода нели, Kaiseer Chiefs, I am Kloot & Co), она па паааа па пааа папаапаа па паааа паа пааа, по кое следуваат соло гитари од Симс. Една работа во сето тоа не ми е јасно: Што значи ова: дај ми чад? А и speed за да турка зид! Исто така многу ме допадна музиката на И твојот ангел ако умре, а Паркети со своите ХАОС лирикс, се ненадминливи (можеби Т.Б. Трачери ги јадат за троа). Балада нормално. За да видиме дека не сакаат!!! Јас го оставив гласот на нивната промоција, а тие го оставија бакнатото срце пред врата!!


Стари статии Marijaparket


Мојата фејворит песна на албумот е нормално Супермен! Супермен со вокали на Марија Паркет. Јас незнам дали пеела до сега на некоја друга песна официјално на некој албум, но Паркети со женски вокал звучат едноставно meraque!!! сакам да одам во вселената, како што оди супермен со раката кренатааааааааа!!!
Мравка Зелена? изгледа ја видоа во вселената заедно со супермен!!! Почнува монотоно се до моментот Јас сум Мравка зелена во ова чудна вселена?!? Пак сакаат да одат тамо горе во небото, вселената да го допрат сонцето? Паркети звучат многу поразлично, поквалитетно! по сериозен пристап, се гледа дека се веќе искусни момци, кои дефинитвно остануваат рок бенд нумеро 1 во Македонија!!
Усни Хармоники јухуууу ;)тралалал лалааа за да не сум самммммммм дојди со мене и тииииии џиха!!!! САШО ако ја продаваш твојата маица, онаа ''сакам кур од овца'' мене!!! Песна со најубави ноти, Жолтиот змај, Барбара се балади кои ќе си ги пееме долго време уз пар пива и добро друштво!!! Мало Амортизерче е најпрекрасната!!! бам бам бам бам бам бам бам бам супер ритамче, и моментот каде што иде она И да ти го ДАМ!!!мојот живот
МаМаЈоКеро која е преработка на бразилска народна песна, е закон! Почнува тивко за да се развие во супер бучно брза песничка! Оваа песна се слуша на волуме=max!!
На албумот се наоѓа и еден cover Be My Baby од the Ronnettes(Dirty Dancing Soundtrack), во изведба повторно на Марија Паркет!!! Не сум одовде е дефинитли најпанк песна на албумот, каде што Паркети се враќаат на свое!! Ацо Кабадаја е за битолчани легенда. Повеќе на филмот Кабадаја од Филип Јовановски и Дејан Дамјановски. Песна која веќе одамна си постоела, а изведбата на Паркети е ПАНК!

Па, Паркети со овој албум отидовте во мојата вселена, како што одам јас со раката крената!

http://plagij.at/index.php?sajt=srch&query2=%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8&resultspage=20&start=4

https://parketifanclub.forummk.com

4Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 8:53 pm

macaparket

macaparket
Admin

Рокенролот е забава за сите генерации

Стари статии Parketi_esc
Македонскиот Избор на песна за Евровизија оваа година беше збогатен и со настапот на необичниот битолски состав „Паркети“, кој со својата панк-рок музика и ексцентричниот имиџ опстојува веќе десет години на домашната музичка сцена. И покрај долгиот стаж, македонската јавност малку знае за „Паркети“ - неговите членови се од Битола, а идејата да се појават на „Евросонг“, како што велат, се родила како плод на нивното долгогодишно искуство и многу настапи и свирки.

„Во нашата кариера имаме свирено на разни места, но никогаш немавме настапувано на Евровизија, а оваа година се создадоа погодни услови за да настапиме на фестивалот ’Скопје 2008‘. Задоволни сме од настапот, но многу поважни ни се публиката и првичните реакции, кои се позитивни“, вели Симс Себастијан Паркет, гитарист на групата.

Членовите на „Паркети“ себеси не се доживуваат само како фестивалски бенд туку и како бенд што може да свири на секакви места бидејќи, како што велат, рокенролот е забава за сите генерации. „Многу е важно на луѓето да им овозможиш забава, а ’Паркети‘ многу добро го прави тоа“, додава Симс.

Овој необичен бенд ја започнува кариерата свирејќи по радија, снимајќи ја својата музика во непрофесионални студија и соочувајќи се со проблемите што ги имаат сите бендови во почетокот на својата музичка кариера. „Некои луѓе се раѓаат да бидат пекари, некои директори, некои писатели, а ние изгледа се родивме да направиме бенд што ќе се вика ’Паркети‘“, вели Симс околу создавањето на бендот. Патем, името на бендот „Паркети“ доаѓа сосем случајно, првичната идеја била корнизи, гардероби, но, сепак, на крајот останува „Паркети“.

Бендот брои петмина членови, интересна комбинација од четири момчиња и една девојка, секој со различен карактер и темперамент. Сашо Паркет е распеан авантурист, секогаш подготвен да се жртвува за групата, Симс Себастијан Паркет мислител, подготвен на се' што е во врска со рокенролот. Славе Паркет морепловец, секогаш полн со енергија за свирење, Зоки Паркет - романтичар и модерен во свирењето и Марија Паркет, поетеса што ги разубавува „Паркети“. Она што ги спојува членовите на „Паркети“, велат, е судбината. А како се согласуваат... „Кога треба да сме слични, слични сме, ако треба да сме различни, различни сме, тоа зависи од самата ситуација. Мислам дека сме во предност што имаме девојка во бендот, бидејќи целата убавина на овој свет се девојките“.

Кога станува збор за нивната музика, најголемо влијание имаат педесеттите години на рокенролот и целата сцена во Њујорк и глам-рокот. Досега имаат снимено многу песни кои сами ги компонираат, а соработувале со сите што значат нешто во македонската музика. „Паркети“ може да се види „на сите авангардни места во светот“, вели Симс. Тие одлично функционираат на релација Битола – Скопје, па дури и размислуваат да најмат стан во Скопје. Она на што моментно работат е снимање спот за евровизиската песна „Строубери“ со Константин Плевнеш, како и на албумите на англиски и на македонски јазик што треба да се појават наесен.

http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=633



Последната промена е направена од macaparket на Саб Апр 25, 2009 8:59 pm. Мислењето е променето 1 пати

https://parketifanclub.forummk.com

5Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 8:57 pm

macaparket

macaparket
Admin

Литиумци типуваат на Паркети

Стари статии 66AF51CF4A217E44915D290A6BC1BCAB

Еден ден пред националниот Избор за песна на Евровизија, продуцентската куќа Литиум рекордс излезе со својот фаворит! Тие сметаат дека најмногу шанси за победа имаат битолските панк-рокери Паркети.

Дописот на Литиум го пренесуваме во целост, со цел да не се загуби оригиналноста на нивната луцидна смисла за хумор...

Замислете ги Паркети у хотелу Хајат у Београду. Седат у лоби, а Симс нарачува - Молим Вас једну Пелистерку Књаз Милош:)!!! Како да не гласаш у сабота за Паркети??? Тоа ќе биде најдоброто шоу и не смее да се пропушти. Не смеја слушнале песната ама Литиум рекордс се става во кратка и ефективна кампања наречена Паркети у Београду!
Имаме банер на нашиот сајт, земете го поставете на вашиот сајт, блог, мајспејс профил..., и во сабота телефоните у рака. Настапуваат 3-ти. Ако не победат Паркети – местено е ви гарантираме!!!

http://www.mmm.com.mk/default-mk.asp?ItemID=DBDE79AAF9B8C1469EB91515E37D4191&arc=1



Последната промена е направена од macaparket на Саб Апр 25, 2009 8:59 pm. Мислењето е променето 1 пати

https://parketifanclub.forummk.com

6Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 8:58 pm

macaparket

macaparket
Admin

Паркети и Елена задоволни од соработката

Стари статии E6FB99FDDC463C4980676F662C23591E

Дуетската песна на ексклузивката на М2 продукција – Елена Ристеска, и битолската група Паркети, со наслов Сакам да те галам, веќе деновиве ќе се најде во радискиот етер – ни јавија од матичната куќа на популарната пејачка.
Музиката и текстот за Сакам да те галам се на Сашо Паркет, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров, а продукцијата е дело на Оливер Димитров.

За првата соработка на Елена и Паркети, Сашо Паркет вели: Уште пред две години со оваа песна требаше да конкурираме на домашниот Евросонг, но задоцнивме и не ја испративме... Сепак, било пишано заедно со Елена да ја снимиме... Неа ја запознавме оваа пролет и мислиме дека е нај... најпрекрасна личност... Затоа сме среќни што го снимивме овој дует.

http://www.mmm.com.mk/default-mk.asp?ItemID=410FE337CDC1F5479FE96BF22863C2A8&arc=1

https://parketifanclub.forummk.com

7Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 9:01 pm

macaparket

macaparket
Admin

Паркети ви ја подаруваат Строубери, спот и mp3

Стари статии 690910CBE531FA408A5E1E1569773A18

Битолските панк-рокери Паркети на сите свои фанови кои преку МММ се информираат за нивните тековни активности, за free download им ја подаруваат песната Строубери, со која неодамна не само што настапија, туку растурија на домашниот Избор за песна на Евровизија, освојувајќи го 6-то место, меѓу 15 натпреварувачи. Како и другите песни, и оваа тема ќе ја најдете во секцијата mp3.
Но, ако сакате да се потсетите како Паркети звучеа во Метрополис Арена, погледнете тука ===>>

А, што се однесува до ангажманите на Паркети во скора иднина, тие најавуваат интересен видео-спот за Строубери, но и скорешна средба со скопската публика. Имено, на 1. април Паркети ќе имаат концерт на плоштадот Македонија, за што наскоро дополнително ќе ве информираме за сите детали.

http://www.mmm.com.mk/default-mk.asp?ItemID=06807927FB463449B8C19E8A1A5DD6C4&arc=1

https://parketifanclub.forummk.com

8Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 9:02 pm

macaparket

macaparket
Admin

Паркети го удираат последниот гланц

Битолските глам-панкери имаат работа преку глава - снимање спот, промоција и свирка

Стари статии C3F6FECB2AF27341A767C9A11E43EEC1

Од денеска битолските „Паркети“ имаат полни раце работа, со што го удираат најважниот гланц во кариерата. Сериозно. Почнува снимањето на спотот за песната „Строубери“, со која настапија на домашниот избор за Евровизија, а куриозитетот на целата приказна е тоа што главниот лик ќе биде вистинската девојка-инспирација за која е напишан спотот.

„Останува Константин Плевнеш, режисер на спотот, да ја исфилмува оваа рокенрол-приказната на убав начин“, ни кажа Сашо, најзабележливиот во бендот, инаку вокал на „Паркети“.

Во истиот период оваа панк-група ќе го промовира спотот за англиската песна „This rain will go away“, а членовите на „Паркети“ веруваат дека тоа ќе биде вистинска бомба, особено за помладата публика. На денот на шегата ќе свират на плоштадот во Скопје, а на албумот наголемо се работи. Паркети тргнуваат во напад! Подготвуваат куп изненадувања, а едно од нив е „Пара бери киселец“ на француски јазик. Паркети имаат планови и за настапи надвор од земјава.

Инаку, појава како што е „Паркети“ во музичката јавност доби зелено светло и слободно може да се нарече глам-панк. Кај нас, се чини, ништо не може без шминка, па така и битолчаните од градот на конзулите. Врската некои ја најдоа во минатото - во „Велвет андерграунд“, во која членуваше Лу Рид... Сегашноста на овој бенд се нивните размислувања за поза и позерство, осмислување на имиџот и љубовта на прв поглед со публиката, особено со помладата.

„Еднаш прашале некој голем вајар како успева од камен да направи толку прекрасни фигури. Тој им одговорил во две реченици – првин, ќе замислам што сакам да направам, на пример некоја птица и потоа, едноставно, ќе исфрлам се' што не е таа птица од каменот“, ни раскажа метафорично Сашо.

Стари статии 3C3244EA9EB8984BA2E9DA1120B2FD24

По се' изгледа, и „Паркети“ исфрлија се' што не е од нив. Не е исклучено, со тек на време, да се допаркетоусовршуваат, да се посредат до најмали детали. Инаку, се сложни и сплотени, така што и името не им е случајно. Го одбрале набрзина, бирајќи помеѓу корнизи, навлаки и регали и за да го одбегнат она - бирај полека и покај се пополека. Секое делче од паркетот ја прави целината, а на членовите на бендот им служи и како официјално презиме.

„На паркетот луѓето газат, на паркет се води љубов, а тој достоинствено си ја врши мисијата“, резимира Сашо.

„Паркети“ се стандардни мажи - Симс Себастијан, Зоки, Славе и нестандардни девојки - Марија и Здравка. Сите поединечно имаат свои сништа, но најважно им е да веруваат во добрината. Од најопеаниот град доаѓаат екстраромантични персони.

„На нашите концерти ги тераме луѓето повторно да веруваат во чудата. Чудата на љубовта! Ние велиме дека зборот ’невозможно‘ постои само во речникот на будалите, а филозофијата ни е дека животот секогаш е прекрасен! Па дури и кога си тажен, можеш да напишеш некоја тажна песна“, размислува Сашо и продолжува, „воопшто не сме совршени, јас не сум Елвис, ние не сме Битлси, иако сме од Битола, но нашата желба е да им ја дадеме оваа наша македонска љубов на целиот свет. Наместо со оружје, да се бориме со песна“.


„Паркети“ има скромна биографија, што не значи дека така и ќе остане. Настапувале во неколку емисии, беа предгрупа на „Психомодо поп“, имаа настап на фестивалот „Аларм“, снимија анплагд-концерт за државната телевизија... Сашо во неврзан муабет ни откри дека нивните свирки знаат да бидат жестоки, дека девојките лудуваат, врескаат и се палави, а тој ја знае линијата кога ќе го почне стриптизот „а ла Давор Гобац“.

Мечтаат за настап на „Егзит“ и за албум што на луѓето ќе им го замени енергетскиот пијалак.

Има уште.

Но, тоа ќе го оставиме да го раскажат самите. Низ песна.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5E7028D006876742838A2A7CF164118D

https://parketifanclub.forummk.com

9Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Апр 25, 2009 9:17 pm

macaparket

macaparket
Admin

„Сакам да те галам“ - нова песна во изведба на еден интересен дует на Елена Ристевска и Паркети

Стари статии ElenaParketi508

Од М2 Продукција информираа дека деновиве е снимен еден интересен и несекојдневен дует на Елена Ристевска и групата Паркети од Битола. Песната е со наслов „Сакам да те галам“. Музиката и текстот се потпишани од Сашо Паркет, аранжманот е на Дарко Димитров, продукцијата од Оливер Димитров.

„Требаше пред 2 години со оваа песна Паркети да конкурираат на македонскиот евросонг, но закаснивме и не ја пративме... Пишано и било заедно со Елена да ја снимиме. Неа ја запознавме оваа пролет и мислиме дека е нај, најпрекрасна личност! Затоа ни е драго што заедно снимивме дует“, изјави Сашо Паркет за неговата прва соработка со Елена.

Деновиве песната ќе биде пуштена во македонскиот етер.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=18299

https://parketifanclub.forummk.com

10Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Апр 27, 2009 11:26 am

Angela

Angela

В САБОТА
"Паркети" во МКЦ за Валентин и Трифун
Градоначалникот Трифун Костовски, традиционално, ќе закројува лози во село Кучково

Битолскиот панк-рок бенд "Паркети" в сабота на 14 февруари ќе настапи во Младинскиот културен центар, во рамки на прославата за празниците Св. Трифун и Св. Валентин, која ја организираат градските власти. Од МКЦ велат дека, освен "Паркети", в сабота со диџеј сет ќе се претстават и двајцата домашни диџеи кои настапуваат под името Мастафаризам Соунд Сsстем. Забавата во МКЦ, во чест на православниот празник Св. Трифун и на католичкиот празник Св. Валентин ќе почне во 21 часот и ќе трае до 1 часот по полноќ, а влезницата со консумација ќе чини 50 денари. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски празникот на православниот светец, чие име го носи, ќе го одбележи во манастирот "Св. Трифун" во скопското село Кучково каде што, традиционално, ќе учествува во закројување на лозите. (Е.А.)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=163383&idg=9&idb=2596&rubrika=Skopje

11Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Апр 27, 2009 11:27 am

Angela

Angela

"ПАРКЕТИ" ВО ДУЕТ СО ЕЛЕНА РИСТЕСКА

"Сакам да те галам и со тебе да се фалам....ти си чупе убо многу и немаш дечко, фала Богу"-вака некако битолскиот пан-рок состав "Паркети" и пејат на поп пејачката Елена Ристеска, со која снимија дует. Песната насловена како "Сакам да те галам" е во рок енд рол ритам, а до крајот на неделава ќе почне да се пушта по домашните радија.
"Песната ја снимавме уште во мај, и сега конечно ќе биде промовирана. Идејата за соработка дојде по една случајна средба со Елена во студиото на Дарко Димитров, каде што ја снимавме песната 'Строубери'. Веднаш се договоривме, а снимањето помина супер", вели Сашо, вокалот на "Паркети". Текстот и музиката се на "Паркети", а аранжманот го направи Димитров. Во теков на следниот период треба да снимаат и спот за песната кој најавуваат дека ќе биде многу откачен. (А.Г.)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=158791&idg=8&idb=2509&rubrika=%40ivot

12Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Апр 27, 2009 11:29 am

Angela

Angela

ЗАД СЦЕНАТА НА "МАКФЕСТ 2008"
"Паркети" ги облече градоначалникот на Битола

Стари статии {1C0E0DAB-8DCA-48AB-AF9C-B63EB6E56F8A}_parketite-2

Ние сме природно откачени и свои и такви сакаме да бидеме на сцена, велеа членовите на битолската група "Паркети". Тие се пофалија парите за нивниот фестивалски имиџ ги обезбедил градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. Според нив, градоначалникот бил ептен задоволен од работата на "Паркети" и сметал дека тие се идните културни амбасадори на Битола, па се јавил сам и им понудил помош. Не само за "Макфест" туку и за нивниот нов проект.
"Паркети" беа облечени како од времето на "Битлси", со костими што им ги шиеле во Битола. Но, темпераментниот вокал Сашо- Паркети под мишка го скинал палтото. И нормално е за човек како него со многу енерија, кој не седи мирно ниту кога спие.
Подготви: В. Миленковска

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=158214&idg=8&idb=2498&rubrika=%40ivot

13Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Апр 27, 2009 11:34 am

Angela

Angela

Концерти на "Паркети"

Бендот "Паркети" вечерва во Велес ќе имаат концерт во "Ноктурно", а утре пак ќе настапат во Гевгелија во ТБА. Овие два концерти на музичкиот состав се во рамките на нивната турнеја. Во текот на летото тие одржаа неколку концерти низ земјава, и тоа во Прилеп, Битола ( настапија во рамките на манифесатцијата Битола отворен Град), свиреа во Струга, Кочани, Штип, Неготино и Тетово. (А.Г.)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=122635&idg=6&idb=1857&rubrika=%40ivot

14Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Апр 27, 2009 11:36 am

Angela

Angela

"Паркети" со најандерграунд спот и веб страница

Битолскиот рок состав "Паркети" конечно го завршија снимањето на спотот за песната "На месечина".
Реализацијата на видеозаписот е дело на Бубо Мулитимедија, а музички упатените велат дека се очекува ова да биде најандерграунд видео продукција во Македонија. Овој спот е најава за нивниот најнов алум на битолските "Паркети", кој наскоро треба да се појави на пазарот под етикетата на Литум рекордс. Новитет кај рок составот е и нивна а официјала веб сраница, њњњ.паркети.цом.мк. Инаку, за реализација на овој сајт, најголема заслуга имал Сашо Мицевски- Трендо, кој е еден од најголемите фанови на битолските рокери. (А. Г. )

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=74647&idg=4&idb=1103&rubrika=%40ivot

15Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 02, 2009 4:42 pm

Angela

Angela

Паркетс лајв рокенролл!

"...не ми го враќај мојот прамен од коса што ми рече дека ти се допаѓа, но чувај го стално чувај го стално, тој ти припаѓа..."
Нешто вакво искрено можевте да слушнете и доживеете доколку бевте во саботата во холот на МКЦ, а доколку не бевте, останете со нас до крајот за да пробате да го доживеете испуштеното.
Значи сабота, 15 за 8 пред МКЦ надевајќи се дека концертот почнува од 20:00/20:30... Доаѓам неколку минутки покасно и ме пречекува друштвото со драње од пола километар, зашто сум ги излажал, концертот почињал од 9, а не од 8 како што им кажав јас. Нема везе тоа беше причина плус, да си седнеме, да се напиеме по едно ладно пивце, да си промуабетиме за свирката и сите пропратни работи "... знаете ли дека Чак Норис филм од саат и пол го глеа за дваесет минути?..."

Значи влагаме внатре во 9 и пола хол е полн, а свирката абер нема да почнува... Супер, имаме време да отидеме до кај Паркети позади и да си направиме муабет. Сашо, Симс, Зоки, Славе и Марија си седат позади одмараат, и со задоволство го прифатија нашето друштво... Се отворија муабетчиња, и беше веќе време да се почне со свирката. Холот веќе крцаше, саатот беше 10 и Паркети се појавија на сцената. Уште од старт врискања, дерења, пиштење на сите страни, за на општо задоволство Паркети излезат на сцена и го фрлат својот резервен долен веш... Моќно! И спршти како прва нумера Попај морнарот. Лом! Шуткање, пеење во еден глас, рипкање, магија... за енергијата одма да се префрли на Кафеави џуџиња, каде што се направи кулминација во шутката (ја си ја изгубив патиката). Во публика се дешава дилириум, а и Паркети задоволни од атмосферата даваат се од себе за да ја направат уште поудобна. Продложи магијата со наизменично мешање на добро познатите стари песни, измиксани со по некоја нова од одличниот нов албум "Тајната на името". Се рипаше, се скокаше, се вриштеше, на сцена лудуваа Паркети на столчињата, Сашо ги правеше добропознатите гримаси, а Симсот во стил на Рамоунси ја топеше гитарата. Лом! Следеше песната отпеана од страна на Марија Паркет – Супермен, која беше одлично прифатена од публиката. И тука се деси kуршлус. Паркетско изненадување... Марија и Славе ја свират Секс Бомб, а Зоки, Сашо и Симс играат стриптиз... Лудило... Сите плескаат се дерата, и плус девојчињата ги мањачат кај што не треба ;)

Стриптизот беше прифатен одлично и следеше продолжение на свирката во долен веш... но кому му беше веќе гајле за тоа како е облечен... сите беа понесени од паркетската магија која го обзеде холот во МКЦ па како под масовна хипноза сите пееа и играа во салата. Следеше Бал за општо задоволство. И тука пробаа да си отидат... но каде со тој памет? Толку рано? За тоа ли дојдовме... Наравно – бис! На бис се дешаваат супер песнички, за Симсот да изјави кога ќе ја слушнете Шеќерна тогаш ќе биде навистина крај. Сашо ги замоли Паркети да му ја отсвират За да видиш дека те сакам иако Паркети и не ја сакале таа песна... јас незнам зашто... И бидна и Шеќерна, но на публиката некако не и се веруваше дека заврши магијата, па така сите со насмевка на лицето и среќа во очите се упатија надвор, па кој по дома кој на афтер парти.

Очекувајте во скоро време едно огромно Паркетско изненадување, а до тогаш... слушајте си ги ЦД-ата и уживајте! Воздра!

http://www.plagij.at/more.php?id=810

16Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 02, 2009 4:46 pm

Angela

Angela

Паркети и Mastafarizam Sound System во МКЦ

Во име на Свети Трипун пијаницата, или, ако повеќе сакате, Свети Валентајнс, или, како прослава на петок 13ти поминат без потешки повреди, или апсолутно без никаков повод;
на 14 февруари, сабота, со почеток од 21:00 часот во Младинскиот културен центар ќе настапат Паркети и Mastafarizam Sound System

Влезот за овој настан ќе биде 50 денари, a картите ќе може да се набават на самиот ден на билетарата на Младинскиот културен центар

http://www.plagij.at/index.php?sajt=more&id=3408

17Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 02, 2009 4:48 pm

Angela

Angela

Паркети во Кастро на 29.12.

Две недели по настапот во МКЦ во склоп на Таксират, откачените битолски панкери Паркети повторнo доаѓаат во главниот град. На 29.12. (сабота) тие ќе се претстават со целовечерен концерт пред скопската публика во клубот Кастро.

Нивните предновогодишни концерти во овој клуб веќе стануваат традиција, ако се земе во предвид дека и минатата година настапија во Кастро на неколку дена пред најлудата ноќ. Покрај старите добри хитови, Битолчаните ќе претстават и дел од новите песни кои се отпеани на англиски јазик. Концертот ќе започне во 21 часот, а цената на влезницата е 150 денари.
Бидете таму!

http://www.plagij.at/index.php?sajt=more&id=2348

18Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 02, 2009 5:00 pm

Angela

Angela

Паркетско изненадување

Како мал стално сум се прашувал што уствари е тоа дрвото на подот дома, и како се вика. Стално сум го добивал одговорот дека тоа е тука за да не топли, а се вика паркет. Среќен со таа информација растев се додека не се запознав со уште едно значење на зборот. Хм... Паркети... колку тоа добро звучи... панк! Почнав да ги слушам на мади години и никогаш не престанав.

Е сега како што веќе сите знаете оваа Сабота на 18.02.2006 нашата омилена група Паркети ќе имаат целовечерен концерт во МКЦ, се надевам дека сите сте спремни, и сите сте во очекување да дојде Сабота. За уживањето да биде уште поголемо, Паркети ни приредија уште едно големо Паркетско изненадување... Имено, новиот спот за една од најубавите песни (Мравка зелена) на паркети од новиот албум (Тајната на името), е готов и спремен за даунлоад. Ова ќе ви дојде како одлично загревање за тоа што ќе се случува таму... Паркети најавуваат шоу, а знаејќи ги нив, не е можно ништо друго и да се случи. Голем Паркетски поздрав... и се гледаме во Сабота!

http://www.plagij.at/more.php?id=784

19Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 02, 2009 5:17 pm

Angela

Angela

Ќе се местат Паркети во Велес

Паркети продолжуваат да паркетосуваат каде ќе стасаат, поканети или непоканети, голи или соблечени. На пример, се враќам јас вечерва од Скопје во мојот роден, сегашен и блиско-иден престојувалишен град Велес и, на пат накај дома, на влезот на ВаВа читам:

Паркети, петок 03.03.

Најпрвен се надевав дека се што ќе се случува е дека ќе се местат паркети во ВаВа, ама откако влегов внатре ме протемнија кога ми кажаа дека баш оној битолскион бенд ќе свирел. Хороооор, како што изјави полковник Курц од познатиот филм, не ви кажувам како се вика. А и во книгата го има тоа изјавено. Брандо.

Така. Петок, 22:00.
Бидете таму, гага е.

http://www.plagij.at/more.php?id=859

20Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 09, 2009 6:23 pm

Нате Паркет

Нате Паркет

Еве, и јас најдов некоја стара статија од нив...


Човек уште од раното детство со себе носи разни соништа кои сака да му се исполнат кога ке порасне. Незнам со што сум заслужил навистина, што мојата бајка постана дел од стварноста, али фала му на бога наповеќе а и на другарите кои ми помогнаа во тоа. Судбината сама си го направи своето кога не зближи со Симс Паркет уште во прво одделение. Двајцата сакавме да имаме група и не се сеќавам баш на се ама во второ или трето оделение групата ни се викаше Бели Пламен и имавме песни на српскохрватски пошто тогаш беше Југославија. После основното училиште мислевме ке биде крај а јас ќе сум научник по физика, ама од пишаното не се бега со Симс пак се сретнавме и зимата 1988-89 направивме група во која дојде и Славе Паркет мој другар од малото. Гибсоон се викавме незнам ни сам зашто, али имавме еден настап на една гитаријада.... Симсот почна да скока и кабелот пет пати му се откачи и јас среде третата песна си заминав од бината резили се направивме. Пресврт настана кога за басист го зедовме убавецот Роберт кој стана наш басист беше постар од нас и не научи некои работи... Слушавме NIRVANA кои не беа уште славни и RAMONS кои ни беа највеќе во срцата. -1991 есента снимивме четири песни од кои "Клара Ми Се Скара" стана хит на тогашната демо топ листа и оттогаш го измисливме името Паркети... Во Битола. Настапите беа на плејбек и публиката секогаш беше во екстаза на нашите појачувања. Беа тоа убави времиња. Следеа настапите на скопските Рокфестови на првиот 'HARDCORE FEST' во Скопје па во Штип, Кичево, Кавадарци и во Битола кај "Пајнчата" 1992 беше убава година која на крајот ја скршивме со песната "Бал". -1993 беше година кога бевме најпанк тогаш е снимена и песната " Да ја е**м бабати на летанње. -1994 на пулсирање се појавивме со "Бал" и Македонската публика првпат виде колку сме лепота од бенд. Таа година свиревме со ПСИХОМОДАПОП во Скопје на двата концерти во куршумлиан. -1995 уште двапати излеговме на пулсирања а есента го снимивме 'Грижа на совеста'.... -1996 самостојно го издадовме и се продаде во околу официјално 400 примероци. Во Мај таа година свиривме на Македонскиот Вудсток во Штип и на Мајскиот Рок Хепенинг во Битола... Тогаш јас си заминав од Паркети и не мислев пак да се вратам. Имаше многу причини за тоа тогаш али не е битно сега пошто тука сум пак. Без мене Паркети го зедоа брат ми за пеач и снимија нов албум 1997 кој го крстија "Газирана Хармонија. Тогаш дојде и новиот басист Горан Паркет и имаа неколку настапи во Македонија солидни. Јас инаку тој период сеуште контактирав дури и свирев на два концерта во Штип и Битола излегов со нив на Шоуто мора да продолжи и на канал5 во Скопје и напишав две песни за нивниот албум... 2000 крајот дефенитивно пак дојдов од разни причини бо Битола и на искрена молба на Симс Паркет решив да пробаме пак да ја оживееме групата која верувајте беше во тотален хаус сите членови беа скарани еден со друг и никој не веруваше дека можиме пак да бидеме добар бенд... Мене ми дојде идеја да снимиме две нови песни и да направиме компилација со сите стари песни демо и од двата албуми... така 2002 излезе преку LITHIUM RECORDS " NO TINKATION" на кој има и мултимедиален дел со слики текстови и сите наши песни во MP3. 2002 настапивме на АЛАРМ и беше лудо а и промоцијата направивме во Скопје на која поделивме 200 CD-а поклон. Па од тогаш до сега се спрема четвртиот албум кој сеуште незнаеме кога ќе излезе но се надевам почетокот на 2004. Инаку има нов член во Паркети тоа е Марија Паркет за првпат женско во бендот имаме и многу ја сакаме и таа нас... А за тапанар прашање е кој ќе биде понатаму Ќе дознаеме... Што ке даде господ тоа нека е ние не се даваме лесно слушајте Паркети за срцето да ви свети... Фала уште еднаш на сите кои беа Паркети а не ѓи споменав: Пеце Сидни, и друѓи тоа се претежно басисти кои се менуваа со текот на годините.

http://arsonisticintent.forumotion.net/forum.htm

21Стари статии Empty Re: Стари статии Саб Мај 09, 2009 6:32 pm

macaparket

macaparket
Admin

Еххх ова е баш стар запис од Сашо...многу работи се сменија од тогаш.На наша среќа. :D :D

https://parketifanclub.forummk.com

22Стари статии Empty Re: Стари статии Нед Aвг 02, 2009 6:04 pm

macaparket

macaparket
Admin

БИТОЛСКАТА ГРУПА НАЈАВУВА НОВ СИНГЛ

„Паркети“ сака да ја гали Елена Ристеска


Наскоро во македонскиот етер ќе биде пуштена песната „Сакам да те галам“, која „Паркети“ ја сними со Елена Ристеска

Битолскиот панк-рок-состав „Паркети“ наскоро во јавноста ќе го претстави дуетот „Сакам да те галам“, кој го сними со поп-пејачката Елена Ристеска. Бендот најавува дека ќе го снима новиот студиски албум, кој ќе има македонска и англиска верзија. „Паркети“ неодамна настапи на „Макфест“, на кој се претстави со темата „Ноќ од 1.000 дена“. Облечени како „Битлси“, тие ја освоија публиката.

- Секогаш сум задоволен од мојот настап се' додека не се погледнам на телевизија. Тогаш сфаќам дека бадијала сум бил задоволен. Не знам зошто е тоа така, но не си се бендисувам, можеби поради лошиот пренос што во Македонија се' уште го негуваме иако сме 21 век. Гледано во целина, мислам дека бевме супер. Првпат сите бевме облечени исто, благодарение на градоначалникот на Битола, кој ни беше единствен спонзор - вели Сашо Паркет, а Марија додава дека организацијата на фестивалот била одлична, дури поубава од таа на Олимпијадата во Пекинг, само што келнерките биле малку збунети.

КОМПРОМИС ВО КОРИСТ НА ПОПУЛАРНОСТА

Рок-групата, често дефинирана како „откачена“, наскоро во етер ќе го пушти дуетот „Сакам да те галам“, направен со Елена Ристеска.

- Песната е снимена уште во мај, но наскоро ќе може да ја слушнат нашите фанови. Музиката и текстот се на „Паркети“, а веројатно за неа ќе има и видеозапис. Тоа засега не е потврдено - вели Сашо Паркет.Тој најавува и снимање на дел од песните што би требало да се најдат на новиот студиски албум на групата. Покрај македонската верзија, тие ќе промовираат уште едно издание со англиски нумери.
- Работниот наслов на албумот е „Пакет од јагоди“, зашто на него веројатно ќе се најде песната „Строубери“, со која настапивме на „Евровизија“ како и „Ноќ од 1.000 дена“ од „Макфест“. На македонскиот албум ќе има и нови и стари композиции, а на англискиот ќе бидат исклучиво нови песни - вели Сашо Паркет.

Иако групата зачести со настапи на домашните фестивали за забавна музика, членовите велат дека тоа не значи оти ќе го сменат стилот. Зоки Паркет укажува дека и на „Цветници“ да свират, секогаш ќе останат исти.

- Велат дека патот од илјада чекори почнува со првиот чекор. „Евровизија“ и „Макфест“ ни беа 267-от и 268-от чекор колку што паметам, а до 1.000 има уште многу. Признавам дека годинава мораше да направиме неколку компромиси во корист на нашата популарност, но сега ќе продолжиме со нашиот изворен стил - вели Сашо.

НЕ ИМ СЕ ПОКЛОНУВАМЕ НА СВОИТЕ ИДОЛИ

Песните на „Паркети“, чии автори се членовите на бендот, според нив, се „лек против болки“ и во нив може да се почувствува вечното трагање по совршена љубов.

- Кога создавам песна, уживам во посебна димензија, особено моментот кога ќе биде готова е многу, многу возвишен. Тогаш обично паѓам на колена и му се заблагодарувам на Господ што ми допуштил тоа да го направам. Не може секогаш да успее. Секоја убава песна е ремек-дело што трае и им го разубавува животот на луѓето - вели Сашо.„Ролингстоунс“, „Рамонс“, „Битлси“, „Нирвана“ се само дел од омилените групи на „Паркети“. Сепак, тие велат дека не сакаат да се споредуваат со своите идоли, туку да учат од своите грешки.

- Најубави моменти во животот ни се кога сме на сцена и свириме, особено кога сме пред нашата публика што е дојдена да ужива со нас. Во иднина сакаме да настапиме за цела политичка гарнитура. Ако не' поканат некогаш, на свечен прием, со задоволство би прифатиле - вели Славе Паркет.Единствената девојка меѓу четворицата „паркети“, Марија, вели дека да се биде женско во група како нивната некогаш ја тера да се чувствува како кралица, но некогаш како робинка, а сепак, ефектот секогаш е ист - паркетски.

ИНФО-Поп-паркети

Битолската група „Паркети“ речиси 15 години е дел од алтернативната сцена во Македонија, но од пред неколку месеци почна да настапува и на поп-фестивали како домашниот избор за претставник на Евровизија и на „Макфест“. „Ролингстоунс“, „Рамонс“, „Битлси“, „Нирвана“ им се омилените групи. „Пакет од јагоди“ е работниот наслов на нивниот нов студиски албум. Најавуваат и издание со нумери на англиски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=B2A272D540F7404CA249750A876F517B&arc=1

https://parketifanclub.forummk.com

23Стари статии Empty Re: Стари статии Нед Aвг 02, 2009 6:05 pm

macaparket

macaparket
Admin

ЗОКИ ПАРКЕТ музичар и професор по историја:

Во втората половина на 80-тите редовно киснев во една флиперница покрај Драгоро. Имав 10 години и играв игри со ракети на Комодоре 64. Тука прв пат видов компјутер.

Во раните 90-ти кога требаше да се запишам во средно училиште, како услов да станам средношколец, требаше да одам на курс за компјутери и да добијам потврда дека сум информатички писмен... Малку поодив, а бидејќи дома немав компјутер не се заинтересирав премногу за компјутерите.

Денес имам Пентиум 3, нешто појачан со рам и сл... Инетрнетот најчесто го користам за пронаоѓање музика и разни информации поврзани со различни музички бендови. Предавам историја, па често на Интернет барам слики или се информирам во врска со некоја книга.

http://www.nau4i.net/nezadolzitelno/52-prv-kompjuter/164-komodore64-seznaecka-sila-vo-bitolskiot-javor.html

https://parketifanclub.forummk.com

24Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Aвг 03, 2009 1:10 am

Angela

Angela

„Паркети“ во дует со Елена Ристеска

„Сакам да те галам“ е насловот на заедничката песна на битолската група „Паркети“ и поп-пејачката Елена Ристеска, чија промоција ќе се случи наскоро. Песната е снимена во мај годинава, а комплетни автори се членовите на „Паркети“, кои најавуваат и нејзин видеозапис. Во меѓувреме, пак, се работи на нивниот нов албум кој ќе биде снимен на македонски и на англиски јазик, а чија работна верзија е насловена како „Пакет од јагоди“ според песната „Строубери“ со која се натпреваруваа на домашниот Избор на песна за Евровизија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EF35062CB0F6EB4C97487F58C5872CA5

25Стари статии Empty Re: Стари статии Пон Aвг 03, 2009 1:12 am

Angela

Angela

Промовира нова песна и цел албум

Стари статии DE33AB0755EB8041917B2D3E83A8A2F8

Напладне, вторник, 26 јуни, битолчаните „Паркети“ среде Скопје, на улица „Македонија“, во кафулето „Тајмлес“ го промовираа својот нов, четврти албум, наречен „Мамо, не му кажувај на тато“. На еден трошок, што дел го покрива Општина Битола, а дел самите паркети, беше промовирана и заедничката песна и спот со Ања Ветерова - „Јас те сакам тебе“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=340C5C989BFEBD479DE58F89551D8927

Sponsored content



Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 2]

Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот