Битолските глам-панкери имаат работа преку глава - снимање спот, промоција и свирка
Од денеска битолските „Паркети“ имаат полни раце работа, со што го удираат најважниот гланц во кариерата. Сериозно. Почнува снимањето на спотот за песната „Строубери“, со која настапија на домашниот избор за Евровизија, а куриозитетот на целата приказна е тоа што главниот лик ќе биде вистинската девојка-инспирација за која е напишан спотот.
„Останува Константин Плевнеш, режисер на спотот, да ја исфилмува оваа рокенрол-приказната на убав начин“, ни кажа Сашо, најзабележливиот во бендот, инаку вокал на „Паркети“.
Во истиот период оваа панк-група ќе го промовира спотот за англиската песна „This rain will go away“, а членовите на „Паркети“ веруваат дека тоа ќе биде вистинска бомба, особено за помладата публика. На денот на шегата ќе свират на плоштадот во Скопје, а на албумот наголемо се работи. Паркети тргнуваат во напад! Подготвуваат куп изненадувања, а едно од нив е „Пара бери киселец“ на француски јазик. Паркети имаат планови и за настапи надвор од земјава.
Инаку, појава како што е „Паркети“ во музичката јавност доби зелено светло и слободно може да се нарече глам-панк. Кај нас, се чини, ништо не може без шминка, па така и битолчаните од градот на конзулите. Врската некои ја најдоа во минатото - во „Велвет андерграунд“, во која членуваше Лу Рид... Сегашноста на овој бенд се нивните размислувања за поза и позерство, осмислување на имиџот и љубовта на прв поглед со публиката, особено со помладата.
„Еднаш прашале некој голем вајар како успева од камен да направи толку прекрасни фигури. Тој им одговорил во две реченици – првин, ќе замислам што сакам да направам, на пример некоја птица и потоа, едноставно, ќе исфрлам се' што не е таа птица од каменот“, ни раскажа метафорично Сашо.
По се' изгледа, и „Паркети“ исфрлија се' што не е од нив. Не е исклучено, со тек на време, да се допаркетоусовршуваат, да се посредат до најмали детали. Инаку, се сложни и сплотени, така што и името не им е случајно. Го одбрале набрзина, бирајќи помеѓу корнизи, навлаки и регали и за да го одбегнат она - бирај полека и покај се пополека. Секое делче од паркетот ја прави целината, а на членовите на бендот им служи и како официјално презиме.
„На паркетот луѓето газат, на паркет се води љубов, а тој достоинствено си ја врши мисијата“, резимира Сашо.
„Паркети“ се стандардни мажи - Симс Себастијан, Зоки, Славе и нестандардни девојки - Марија и Здравка. Сите поединечно имаат свои сништа, но најважно им е да веруваат во добрината. Од најопеаниот град доаѓаат екстраромантични персони.
„На нашите концерти ги тераме луѓето повторно да веруваат во чудата. Чудата на љубовта! Ние велиме дека зборот ’невозможно‘ постои само во речникот на будалите, а филозофијата ни е дека животот секогаш е прекрасен! Па дури и кога си тажен, можеш да напишеш некоја тажна песна“, размислува Сашо и продолжува, „воопшто не сме совршени, јас не сум Елвис, ние не сме Битлси, иако сме од Битола, но нашата желба е да им ја дадеме оваа наша македонска љубов на целиот свет. Наместо со оружје, да се бориме со песна“.
„Паркети“ има скромна биографија, што не значи дека така и ќе остане. Настапувале во неколку емисии, беа предгрупа на „Психомодо поп“, имаа настап на фестивалот „Аларм“, снимија анплагд-концерт за државната телевизија... Сашо во неврзан муабет ни откри дека нивните свирки знаат да бидат жестоки, дека девојките лудуваат, врескаат и се палави, а тој ја знае линијата кога ќе го почне стриптизот „а ла Давор Гобац“.
Мечтаат за настап на „Егзит“ и за албум што на луѓето ќе им го замени енергетскиот пијалак.
Има уште.
Но, тоа ќе го оставиме да го раскажат самите. Низ песна.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5E7028D006876742838A2A7CF164118D