На 23. јули (следниот четврток), на плажата Парк во Охрид ќе се случи целоноќна фестивалска забава. На Бич Парк Фестивалот (Beach Park Festival), на две сцени, рок и техно, ќе ги чуете Ај Кју (Eye Cue), Паркети, Суперхикс, за потоа бината да ја превземат Ле Фанк (Le Fonque) и Ицко од Антенна 5, ДиЏеј Метју Хог (DJ Mathew Hoag), а ноќта ќе заврши со единствениот УМЕК.
Журката ќе започне во 22 часот, а ќе трае до 6 часот изутрина. За оваа прилика е обезбеден специјален звучен и светлосен систем кои целосно ќе ги задоволат потребите на подиумот со капацитет од 8.000 луѓе.
Комбинацијата од повеќе музички стилови ветува заситување на апетитите на сечиј вкус. Организатор на забавата е дискотеката Парк во соработка со Октопуси промотерската агенција.
Билетите во предпродажба можат да се набават во Ликвид, Мецофорте, Објектиф и Бич Парк во Охрид по цена од 250 денари, а на самата врата истите ќе чинат 350 денари...